Тројца Велешани за еден ден извозија 216км на релација Велес-Банско

Марјан Гиовски, Живко Ѓорѓиевски и Горан Кариманчев за неполно деноноќие ( 8-9 часа активно возење) ја совладаа релацијата Велес-Банско со вкупна елевација од 3660м, што преставува огромен успех.

    

Според нивно кажување во текот на возењето имале секакви потешкотии, првиот предизвик кај езерото Калиманци, втората потешкотија релацијата Делчево – Граничен премин и секако најголемиот – 28км константа угорнина на релација Симитли-Разлог во Р.Бугарија.

Без разлика на се, тие ја остварија својата намера. Вредно е да се напомене дека Живко Ѓорѓиевски оваа делница ја помина во својата 7-ма деценија на животот ( има „само“ 61 година)

Честитки за овој нивни резултат, очекуваме нови подвизи од нивна страна.

           

3831total visits,1visits today

You may also like...