Tour of Croatia 2017

Пред два дена започна атрактивната велосипедска трка Tour of Croatia 2017 која ке трае од 18-23 април 2017  година.

Оваа година стартот беше  на 18 април во Осиек а првата етапа беше во должина од 227км. Втората етапа е на релација Трогир-Биоково во должина од 123км и се  возеше вчера. Денес на програмата е  предвидена третата етапа Имотски-Задар во должина од 236км. Останатите три етапи се  следниве:

21/04   4-та етапа: Цриквеница-Умаг 171км;

22/04   5-та етапа:Пореч-Учка 141км;

23/04   6-та етапа:Самобор-Загреб 145км.

По извозените две етапи, во водство е Кристијан Дурашек, а по него се Јаиме Росон и Винченцо Нибали

1 Kristijan Durasek (Cro) UAE Team Emirates 8:07:47
2 Jaime Roson Garcia (Spa) Caja Rural – Seguros RGA 0:00:04
3 Vincenzo Nibali (Ita) Bahrain – Merida 0:00:09

Екипно, редоследно на првите три места се:

1 CCC Sprandi Polkowice 24:24:29
2 UAE Team Emirates 0:00:04
3 Caja Rural-Seguros RGA 0:01:15

момент од втората етапа

На овогодинешниот Tour of Croatia 2017 се пријавени 154 велосипедисти и 20 клубови. Организаторите оваа година ја истакнуваат соработката со A.S.O.(Amaury Sport Organisation) која е промотор на најголемите  tour-ови на светот како што се Tour de France, Vuelta a España, Tour of California. Трката ќе се пренесува директно на HRT, Eurosport и Eurosport Asia со вечерни репортажи од дневните етапи. На сите 6 континети со директна слика овој настан ке имаат можност да го гледаат 177 семји во светот, а за техничкиот дел е задолжена Шпанската продукциска куќа ISB кој со посебни снимателски хелихоптери и специјални подвижни камери ке ги доловат сите занимливости.

Tour of Croatia 2017 е поставена како единствен туристички производ од оваков тип и е назначена како главен акцелератор за развој на циклотуристичката понуда на Хрватска. Момент од кој ние како држава имаме многу да научиме.

814total visits,2visits today

You may also like...