Tour D’ Галичица 2017- со наши зборови

Најавите на лошата временска прогноза не не спречија да ја извозиме една од нај колоритните, најживописни тури во Македонија…Tour De Galicica 2017, туку напротив, не мотивираше и со нетрпение чекавме да се означи стартот на турата.

УТРИНСКАТА РОСА туку што го разбуди мирисот на дабовата шума по патот по кој што почнавме да ја качуваме Галичица, ВЕТРОТ кој почна да дува токму во моментот кога стигнавме на местото викано “Лесковски Уши” кое се наоѓа на 1440 мнв ги избрка црните облаци и ни ја овозможи најубавата панорамска глетка и фотографија на Преспанскто езеро и туристичкото место Стење, а во позадина планината Баба со нејзиниот врв Пелистер. Воодушевени од таа глетка и љубопитни што ли уште ќе ни понуди убавата Галичица продолживме по патот. СОНЦЕТО се појави, а ние веќе влезени во коритото на планината, односно на местото кај стариот и напуштен скијачки лифт “Отешево” ја видовме најубавата глетка досега во мојот живот, жолт килим од цвеќиња беше постелен низ големото поле, па си реков до толку ли ни се отвори денес оваа планина?!

   

Фотографијата со велосипедот легнат над цвеќињата е доказ дека и самиот тој падна во безсознание од таа глетка. Другарите ме чекаа налутено и нестрпливо додека јас праваев неколку фотосесии како и секогаш. По 3 до 4 километри извозени стигнавме до планинарскиот дом “Асан Џура” кој се наоѓа во централниот дел на планината Галичица и тука ја направивме големата пауза која ја искористивме за дегустација на ресенскиот сок ЈАБОЛЧЕЛО направен од ресенските јаболки. Освежени и со полни стомаци продолживме по патот каде ги сретнавме галичките чувари, 9те шарпланинци, пријателски настроени ни се доближија и дозволија да ги погалиме. ВЕТРОТ и ситниот и краток ДОЖД од неколку минути повторно се јавија, но овој пат уверено знаев дека носат уште една порака. Нестрпливо продолживме по патот и стигнавме до местото каде беше првата базна станица на планинските спасители. Незабележувајќи ја позадината тргнав да ги поздравам Гоце и Цеко и ги прашав зашто баш вие тука, одговорот им беше:-Заврти се Бране зад тебе и ќе видиш самиот. Погледот на Охридско езеро, бистар поглед, ведро и сино небо со бели облаци беше мојата втора панорамска глетка и фотографија од оваа тура.

 

Рај за очи. Ова беше пораката на ДОЖДОТ и ВЕТРОТ кои цело време беа пред нас и ни го отвараа патот кон крајот на турата. Во продолжение следуваше техничкиот и потежок дел на турата каде послабоспремните си ја подобрија кондиција и техниките на планинскиот велосипедизам како низ успонот на камењата така и адреналинскиот спуст до селото Петрино.
Среќни и задоволни од временските услови, од раскошната Галичица и самата организација седнавме во кафе бар Концепт на по едно-две-три па и четири пивца да си раскажеме за патешествието од 71 километар и 1400тиот искачен метар елевација.
До следно видување…

   

 

текст by Бране Петровски

 

1884total visits,2visits today

You may also like...