Велосипедска тура низ Македонските степи

Плановите беа дека ова ке биде средно-лесна тура, со некаде 55-56 км должина, да се собереме 5-6-7 души и да одиме по напуштените села од Убого кон Лозово…

     

     

Но, добриот глас надалеку се слуша. Еден по еден, вкупно 22-ца. Еден-два повици на телефон и веке е договорено. Тргаме. Од Велес, од пред јаворот. Време и терен, идеално за игра, фудбалски кажано.

Минеме низ Потокот, старо Велешко маало, со голема историја. Е која историја ја има?? па што знам,ама Потокот е за нас Велешани место со историја, таму има извори со лековита вода за која знаеле уште во Турско од 18-ти век,  еве стари луѓе кажуваат дека порано влез во Велес било од таму, дека имало голема дрвена стража со стражари. Од старо Турско има предание дека таму живеел некој Евреин со голема натприродна моќ и лекувал луѓе…

  

Поминуваме покрај ридот св.Илија, одиме накај Караслари, од таму Преку Ногаевци до Убого. минуваме низ прекрасни предели со самоштоникнато жито, идеално за супер фотографии. Убого пауза, разгледување на разрушениот манастир св.„Троица“,тука е Брегалница…

      

Тргнуваме кон непознато, кон Бекирлија, попатно дупнати гуми, еден куп.. Рековме лесна тура, арно ама излезе супер тешка. Некако стасавме до Бекирлија, муабетот дека беше е напушено селото. Но, таму живеат две семејства, со по бааѓи деца… Екстремно тешки услови, без струја, без никакви други услови, а не пречекаа насмеани лица. Бекирлија имало 120 куќи на времето, кажуваат. И сега има, ама празни и разрушени. Беше што беше до тука, натаму е мачното. Непознато, а мачно..До преслапот накај Каратманово изгинавме, посебно ние последните..На пола пат поминавме и до Кишино, исто напуштено село каде има еден жител со 800-900 грла овци. Додека стасавме до Каратманово, останативе пола коперација ја испразнија. Среќа шо Боби и екипата не почекаа па ни правеа друштво.

     

Тргаме по асфалт до Велес, на последното угорниште паднаа и првите „сочни зборови“ . Среќа стасуваме во Велес. Среќа, ама и несреќа. Незгода и малер. Еден од нашите имаше незгода, штета…а толку убав ден. Завршната дружба ја продолживме во еден од Велешките ресторани, на Велешка пастрмајлија. Демек, на пола саат, ама дежурно-заглавивме. И заборавивме и на мачниот пат, и на угорнините, и на се .. На крај сите весели и насмеани. Така и треба да биде. На секоја тура.

             

       

      

https://www.youtube.com/watch?v=o8LsS80DhjM

#ВелесБајкинг

#Azot.velesbiking.mk

#bikingveles

 

 

 

1713total visits,7visits today

You may also like...