Стартуваше кампањата за АЗОТ2017 мтб предизвик

Деновиве започна завршната кампања за овогодинешниот  АЗОТ 2017 мтб предизвик кој ке се одржи на 27-28 мај во регионот на АЗОТ.

Цената на картите за овој настан е 500 FULL пакет и 300 денари основен пакет ( без маичка). Оваа година настаните се прошируваат со планинарење и планинско трчање, со што настанот полека прераснува во outdoor festival.

Настанот ке биде во два дена. Првиот ден е  предвиден за пристигнување, сместување на учесниците, а во вечерните часеви ке има мини концерт со рок бенд. Во текот на денот организаторите најавуваат и други интересни актинвности како проекции на документарни филмови за Богомилите, прошетка по реката Бабуна и сл.

Неделата е  ден за возење, планинско трчање и планинарење. Според однапред предвидената агенда, редоследот е  следен:

ПРОГРАМА

 

27.05.2017 – Сабота

12:00-18:00         Пристигнување на учесниците и сместување на учесниците c.Богомила

13:00     Програма за првиот ден

13:00-18:00 Планинарска прошетка до с. Мокрени.  Должина на патеката – 14км во двата правци.

16:00-19:00         прошетка низ Богомила, можност за посета на спомен куќата на Петар Поп Арсов, црквата Св. СПас, римскиот мост на реката Бабуна и други обележја на овој крај.

19:00-20:30         Проекција на документарни филмови за БОГОМИЛИТЕ (два филма)

20:00-20:55         DJ Set

21:00-21:55         DJ Set  –

22:00-23:45         настап на EPIDEMY – НЕГОТИНО (Рок бенд)

23:45     Прекинување на сите активности, одмор за сите велосипедисти и останати присутни во кампот

( Во текот на денот ке биде отворена спомен-куќата на Петар Поп Арсов, родум од Богомила, црквата св. Спас која е на 500м над училиштето, како и можност за посета на неколку останати интересни локации како во Богомила,така и во околните села)

 

28.05.2017 – Недела

08:00-09:00         пристигнување и регистрација на учесниците (потпишување на изјава) c.Богомила

08:00     Старт на учесниците  во планинско трчање

09:00     Старт на учесниците  во планинарење

09:15     Старт на турата                – голем маратон

09:45     Старт на турата                – мал маратон

12:30–14:00        пауза во пл. Дом Чеплес , разговор до домаќините  на ПД „Чеплес“

15:00-16:00         втора пауза во с. Папрадиште , можност за посета на црквата „Св. Петар и Павле“, месноста „Марково стопало“ и други активности…

16:00-18:00         крај на турата, топол оброк во кругот на училиштето                c.Богомила

16:30-17:30         Наградна Игра за учесниците со приложен купон  од  купените карти

17:30-18:00         Доделување на благодарници за учество на настанот

19:00     Официјален Крај на настанот

Во текот на целиот  ден во камп базата ќе има забавна програма со DJ.

Продажбата на картите за настанот, како и целокупната програма, на следниот линк

http://azot.velesbiking.mk/

 

1258total visits,2visits today

You may also like...