Србија планира да изгради велосипедска патека долга 100км

Српските власти се во план да изградат 100км велосипедска патека која ќе ги поврзува Нови Сад и Зрењанин

Покраинскиот Секретаријат за економија и туризам ќе ја финансира изработката на студија за трасата и проектот за туристичка сигнализација за нова велосипедска патека, која ќе ги поврзува Нови Сад и Зрењанин, преку Тител.

Дизајнот и проектот ќе ги направи инвеститорот „Танграм проект“ од Нови Сад, а вредноста само на дизајнот овој проект ќе чини близу 3,5 милиони Српски динари или околу 30.000 евра.
Според тендерската документација за спроведените јавни набавки, на циклотуризмот му е потребно посебно внимание во Војводина, бидејќи е еден од најбрзорастечките видови на туризам кој е одржлив и еколошки и дека инвестициите во инфраструктурата се многу помали во споредба со класични форми на туризам.
Главната траса е 77,5 километри и ги поврзува Нови Сад – Ковиj – Гардиновци – Тител – Кничанин – Перлез – Лукино Село – Зрењанин. Алтернативната траса ќе има 19,7 километри и ќе ги поврзе Вилово, Лок и Тител, а ќе има и дополнителна траса од два километри, што ќе води до ресторанот „На крајот на светот“.
Вкупната должина на трасата е 99,3 километри.
Дизајнерот ќе има задача да ја дизајнира и лоцира трасата, да ги изврши сите потребни тестови на теренот (на пример, на кој дел од патеката ќе се градат специјални патеки и на кои ќе се користи постојниот тротоарот), и да ја дизајнира придружната содржина, што би обезбедило голем број на циклотуристи да го користат овој пат, а со тоа да се зголеми и туритичата понуда од овој вид.
(превземено од Autor: Gorica Nikolin – gorica@021.rs)
П.С.
Во меѓувреме, активистите за велосипедски патеки, промоторите на велосипедскиот туризам како една од туристичките гранки која е во енормен подем во светот, кај нас се маргинализирани и ставени во групата на садо-мазохисти. Се поголем број на велосипедски настани се укинуваат, нема никаков интерес за поддршка на велосипедски настани, секој се снаоѓа како знае и умее…
Но да бидеме рационални, да почекаме 100-на години, можеби и ние ќе видиме дел од овие светски убавини.
До тогаш, ако немате попаметна работа – возете велосипед!!!!

904total visits,9visits today

You may also like...