„Шопска“ тура во јануари

Долго планирана тура, која сепак, подобро е да се вози во лето.

     

Јануари 2018, редовен план за локална тура на Велес Бајкинг. Договор има, ќе се вози низ Овчеполието. Од Чалошево, преку Отовица низ мек off road кој нема тешки предели – напротив лесна патека во должина од 3-4 км до интересни спустови и различни погледи на Велешкото езеро.Продолжуваме Кумарино, Мамутчево до Иванковци. Тука мала пауза па продолжуваме кон класичен off road. Снегче држи пределов, иако по кажување на мештаните врнело пред 20-на дена. Денот на сонце топол, убав.. под сенка ладно камен.

       

  Над Иванковци раскрсница. Едниот пат убав, широк и сув. Другиот каллив. По преглед на GPS тргнуваме кон Милино по тој калливиот. Е тука беа сите големи проблеми. Веднаш на старт влеговме во таков кал (пластелин подобро кажано) што едвај се извлековме. Ама не сите. еден од членовите мораше да го прекине возењето поради поголем проблем со надворешната гума. А сиот проблем беше за 400-500 метри, надоле патот-убавина. Да знаевме дека така ке  биде, ке ги носевме на рамо точаците. Натаму нов проблем, Даре го свитка бандажот ко Раштански пат, ама си имаме мајстори во групата па по деталната експертиза бандажот се врати у првобитна положба, дури и поправ беше од почетниот.

  По ова спуштањето до Лозово преку Милино беше „милино“ . Лозово договоривме дека немаме време за возење преку Дурфулија, па по 20-минутна пауза тргнавме назад по асфалтниот пат Штип-Велес. Да беше поголем денот можеби и ке го извозевме, вака овој дел го оставаме за некоја наредна „Шопска бајкерска авантура“ …..

       

bikingveles  ВелесБајкинг  Азот2018МтбПредизвик  Велес Бајкинг

1403total visits,1visits today

You may also like...