Со точак низ Поречието е приказна од соништата

Вело ЧЕ низ ПОРЕЧЕ… Така гласеше пораката и слоганот на овогодинешната велосипедска тура која за прв пат се организираше низ овој преубав крај на Македонија. Толку многу убав што едноставно те мрзи да му објаснуваш на тој до тебе…да објаснуваш и да објаснуваш, туку во себе си ги изговараш зборовите „ ако толку те интересира оди и види“…

       

Прво отварање на настанот, повеќе од успешен. Организаторот, велосипедското здружение ВЕЛО ЧЕ се погрижи за сите ситни детали кои всушност и не ни беа потребни. На вакви собири единствено нешто кое ти е потребно е позитивната енергија која за волја на вистината ја има толку многу што нема таква личност без насмевка на лицето ( добро имавме и еден мал проблем кој после решавањето увидовме дека можело да се реши многу брзо и едноставно, ама кога си ги расфрламе работите непотребно така е.. )

Стартот на големата тура некаде во 09:40, половина час и малата беа од кампот во с.Белица – ресторан Чифлик. Оние први 25 км по асфалт можеби беа загревање, ама последните 4-5 и не беа баш интересни. Паузата во Требовље и се понатаму- бајка. Единствено жалам за преубавиот дел кој беше уништен од скорешните пожари, жална глетка на јагленосани борови шуми на кои им треба најмалку 15-нагодини за повторно за озеленат. Ова и не треба да се споменува, но факт е дека злите духови сеуште лебдат низ овие наши простори.

       

За жал не се искачивме на врвот Фојник комплетно да ја доловиме убавината на Козјак, ама и одоздола погледот беше фасцинантен. Едноставно вредеше сето она асфалтно мачење. Козјак преубав, некој спомна кога е граден па одма проверивме – Езерото е правено и направено во 2004 година ( голем минус за сите нас кои не го знаевме овој податок). Како и да е , од наша гледна точка, езерото потполно се вклопува во оваа природна убавина и дава голем набој на мир, тишина и некоја чудна хармонија. И пак ке се навратиме назад, сигурно на врв Фојник било многу поубаво,ама тоа следна година.

Спустот кон Близанско и не сакам да го коментирам, тоа у ствари и не може да се коментира… Како ќе објасниш дека додека возиш ти се тресат рацете од возбуда, а телото ти игра од набој на адреналин. Возиш 30-40 на саат а мислиш дека леташ ( а тек па оние шо стварно летаат надоле) Мостот на Близанско е исто посебна приказна, го вкусуваш езерото на неколклу метри, ама истовремено започнува оној досаден дел – асфалтот, се до Белица. Посебно ако и ветерот ти мава во гради, досадија на квадрат.

Крај на турата, после тоа класика, ручек, пиво, две… се што следува по добра тура. Полека го напуштаме регионот, и уште сега си чекираме за наредна година.. ВЕЛО ЧЕ, Убо сработено,честитки….

       

2106total visits,3visits today

You may also like...