Sava Bistra Adventure 2017

Изминатиот викенд возевме низ еден до најубавите  предели на Македонија, учествувајки на тродневен настан Sava Bistra Adventure 2017, во организација на „Прв до Врв“ 0д Скопје.

   

Тресонче беше централно место на настанот, место кое  ги собра љубителите на планинскиот велосипедизам, планинарите и многу други приврзаници на outdoor настани. Околу 300 учесници буквално уживаа во преубавата природа, и извонредната програма и организација на луѓето од „Прв во Врв“ од Скопје.

Неделата беше главниот настан за предвидените  активности. Иако на прв момент се чинеше дека (не)времето ќе расипе се, сепак, скоро и да немаше учесници кои се откажаа од возењето ( добро, имаше по некој). Стартот во 09:00 часот по доста облачно и ладно време. Турата во најава – тешка. Кој нема да може , има мала тура до Галичник и назад. Првите два часа поминати во мачење по угорниците, но и редовна насмевка од преубавата природа. Секако, тука е  и задолжителното муабетење кое оди со возењето точак,  разговори секакви, битни, небитни… ( сите сме едно семејство, нели).

  

Некаде на половина е  контролниот пункт кој ја означува големата тура, онаа од 60 км која бара добра физичка подготвеност и концентрација. Но, вреди за секој изминат километар. Вреди да се вози покрај убавите падини на Бистра, да се  вози низ ски-патеките  Авантурата е поголема кога на 500-800 од тебе се надвиснати темни и полни со вода облаци кои во секој момент очекуваш да те натопат. Арно ама, ветерот е на наша страна. Ветерот е тој кој ни беше сојузник и ни правеше да бидеме надмоќни над облаците. На тие облаци капка да не падне е чиста среќа. И храброст.

         

Некаде на половина пат  ја поминуваме највисоката точка на турата – 1890мнв. По тоа следи спуштање, па повторно угорнина. И така едно 5-6 пати додека не се  исцрпиш до максимум. А за крај следи урнебесен спуст, најпрво до Лазарополе со пауза за пиво ( … ) и потоа повторно спуст до Тресонче.

Како за крај да ги пофалиме организаторите екипата на „Прв до Врв“ која беспрекорно си ги заврши своите обврски и на сите учесници им овозможи одлична викенд авантура.

Се гледаме и догодина..

    

2132total visits,1visits today

You may also like...