Промоција на велосипедската тура Брајчино во Ресен

Велосипедот е ваша пасија? Сакате авантура?

Новата велосипедска патека Брајчино во Ресен нуди можност за запознавање со природните убавини низ Преспанскиот регион.
На ден 28.09.2019 и 29.09.2019 година се одржа Промоција на новата велосипедска патека Брајчино во Ресен. Промоцијата на велосипедската тура Брајчино траеше два дена и опфати содржини како кампување, посета со чамци до островот Голем Град, велосипедска планинска тура низ природните убавини во Преспанскиот регион, забава и дегустација на традиционална храна и мини саем за промоција на преспанските производи.

Велосипедската патека е обележана со дрвени патокази и нејзината вкупна должина е 30 километри. На патеката се совладува висинска разлика од 300 метри и се вбројува во категорија средно лесна патека погодна и за почетници. 10 км од патеката е асфалтен пат и 20 км офроад пат. Патеката е целосно маркирана и достапна за сите туристи и љубители на велосипедизмот.

На следните линкови ќе најдете опис на велосипедската патека и агенда за одржаниот настан.
Повеќе информации за патеката ќе најдете преку мобилната апликација QR Code Reader и потоа преку апликацијата Bikemap – Your Cycling Map & GPS Navigation со скенирање на следниот код:

 

Во рамки на проектот: Рурален туризам – Можност за одржлив развој на заедницата, имплементиран од ЗО Благој А. Котларовски во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Соработник и поддржувач – Центар за економски анализи.
Маркирање, Логистичка и организациска поддршка – Велес Бајкинг.

626total visits,1visits today

You may also like...