Припремите за АЗОТ 2017 мтб предизвик се веќе во тек

на 60-на дена пред третиот по ред АЗОТ мтб предизвик, припремите се  во тек. Разговорите и договорите за фирмите кои се заинтересирани за помош на овој велосипедски настан од рекреативен карактер се во завршна фаза. Се очекува на почетокот на април да се објават и сите  детали за еден од најголемите  настани од ваков тип во Македонија.

Засега е позната висината на котизацијата – таа ќе изнесува 500 денари за Full  пакет, и 300 денари за основен пакет – без маичка.

Исто така, се најавува и проширување на активностите за оваа година. Најавувано е и  возење на екстра лесна тура до рибник Нежилово, во должина од 16 км, наменета претежно за велосипедисти-почетници, организација на планиско трчање , планинарење како и семејни излети по Богомилските  ливади.

На крајот на турата ќе има организирана наградна игра со лотарија за сите учесници.

Сите заинтересирани може да ги следат си објави на организаторите на следните линкови:

http://azot.velesbiking.mk/

https://www.facebook.com/velesmountbiking/

како и за самиот ЕВЕНТ за настанот:

https://www.facebook.com/events/1745562625765919/

 

 

805total visits,2visits today

You may also like...