Презентација на првата Македонска велосипедска експедиција на Хималаите

Одлична посетеност на презентацијата, Лазо Миновски со многу емоции ни ги пренесе своите искуства на оваа наша прва мтб експедиција

    

Изминатиот петок 21.12.2019 година во кино Фросина, МКЦ пред преполна сала своја презентација со наслов „ Annapurna Circuit“ имаше трочлената Македонско-Украинска екипа – Лазо Миновски, Сашо Перовски и Ростислав Палагусинец од Украина која во тек на 12 дена од ноември оваа година успеа да се искачи на превојот Торонг Ла 5416 м.н.в кој всушност е највисоката точка каде некој Македонски велосипедист возел.

Меѓу бројните информации кои ги слушнавме од оваа презентација беше податок како е дојдено до идеја за оваа експедиција. Имено целата идеја е од Српска група која ја возела оваа тура, која Лазе ја има видено на видео клип во Февруари 2018 година. Од тогаш па се до почетокот на ноември траеја секојдневните припреми на сите тројца.

Тргнувањето во Непал бил на 08.11. 2019 од каде веднаш започнале со искачување без никаков одмор. Стартот бил од градот Besisahar на 800мнв. Од оваа висина во првите пет дена скепдицијата се искачила на 4919мнв на езерото Tilicho, односно екипата била над езерото на висина од 5007мнв каде започнуваат и првите проблеми со реткиот воздух. Од таму експедицијата се симнува на 3800 мнв, за да потоа започне вистинското искачување на Thorong La Pass 5416мнв каде пристигнале осмиот ден.

   

Од предвидените 12 дена, експедицијата ја поминала предвидената тура за вкупно 10 дена.

Честитки до целиот тим на оваа исклучително тешка тура, која сигурно ќе биде мотив за идни наши велосипедски експедиции…

   

 

1778total visits,1visits today

You may also like...