Презентација на иновациски игри и детски маалски игри во две училишта во Велес

    Во двете основни училишта во Општина Велес беа спродевени две проектни активности наречени „Активности за иновациски игри “ и „Спортување на улица, на маало “

   

  На двата настани беа поканети и учествуваа по 30-на деца од 5-то и 6-то одд (11-12 години). Предводени од Менторите на овие активности, професорите по физичко воспитување Весна Николова и Наташа Коцева, наставници по физичко образование децата имаа можност да запознаат нови, иновациски игри и да ги спроведат своите детски игри кои ги играат на улица во нивните училишта.

Во ООУ Васил Главинов се  играа иновациски игри – Бадминтон и Twister, каде најпрво имаше презентација на правилата на играње на овие две игри, а потоа децата ги истакнаа своите знаења и способности во овие две игри. Инаку, Бадминтонот е многу популарен спорт во Источните Азиски земји, додека Twister е нова игра која е склоп на детска игра и  мини гимнастика.

       

Втората активност која беше спроведена во ООУ „Кирил и Методиј“ беше наменета за игри кои децата ги играат на улица и своите маала – Баскет, Горенка, Ластик, скокање јаже и др. И овде најпрво имаше кратка едукација во врска со овие игри за оние деца кои не ги знаат овие игри, а потоа започна и детската игра. Овде децата покажаа солидни знаења во овие игри, со што се покажа дека сепак, и покрај големата присутност на новите технолошки детски помагала, децата сакаат и ги играта сите можни игри на улица и во своите маала со своите маалски другари.

Проектните активности се спроведуваа заедно со партнерите на овој проект – Општина Велес, Општина Градско, ООУ „Даме Груев“ – Градско, ООУ „Васил Главинов“ – Велес и ООУ Кирил и Методиј – Велес, како и Вардарскиот плански регион.

  Проектот „ Кампања за создавање на позитивни животни практики,здрави навики и вредности!“ е имплементиран во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ спроведен од АЛДА Скопје, Европско движење Македонија и Здружението на финансиски работници  на локалната самоуправа и јавни претпријатија со финансиска поддршка на Европската унија преку ИПА 2 инструментот.

       

580total visits,46visits today

You may also like...