Прекрасно искуство во природа за младите и идни велосипедисти

Во рамките на проектот Кампања за создавање на позитивни животни практики, здрави навики и вредности!“ каде носител е ЗГ Велес Бајкинг, изминатиот викенд 30-на деца на возраст од 8-12 години имаа несекојдневно позитивно искуство – возеа велосипед надвор од урбаните средини. Целта на овој проект е преку игра на отворено и практикување на стари игри да ги дефокусираме и оддалечиме најмладите од современите технолошки уреди (телевизија,компјутери,мобилни и сл) кои се премногу присутни во животот на најмладите, како и подигање на свеста и создавање на здрави навики и вредности кај децата и возрасните

       

Покрај децата, 30-на млади на возраст од 18-28 години исто така земаа активно учество во овој проект, а дополнително се приклучија и на големиот велосипедски настан „АЗОТ 2018 мтб Предизвик“ кој исто така беше во организација на ЗГ Велес Бајкинг на кој учествуваа преку 300 велосипедисти од цела Македонија.

Додека младите се дружеа со останатите велосипедисти учесници на еден од најголемите велосипедски настани во Македонија, најмладите возеа велосипед на релација с.Богомила – с.Нежилово – с.Богомила на растојание од 16км, а потоа во дворот на ОУ „Петар Поп Арсов“- Богомила продолжија со другарувањето и возењето.

Забавата траеше до 17:00 , а дечињата изморени, но весели, се упатија кон Велес, нестрпливи да им го раскажат своето несекојдневно искуство на остaнатите свои врсници.

Проектот „Кампања за создавање на позитивни животни практики,здрави навики и вредности!““ е имплементиран во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ спроведен од АЛДА Скопје, Европско движење Македонија и Здружението на финансиски работници  на локалната самоуправа и јавни претпријатија со финансиска поддршка на Европската унија преку ИПА 2 инструментот.

 

   

 

1050total visits,9visits today

You may also like...