Предновогодишна ВЕЛЕС БАЈКИНГ средба за 2017 година

На последното официјално дружење за оваа 2017 година доделивме пофалници за возење на нашите членови, благодарници за искрена соработка и поддршка на настани кои се во организација на ЗГ Велес Бајкинг и благодарници на поединци и фирми во кои имаме поддршка за нашите активности.

   

   Секако тука се  и две награди кои ги доделивме. За најчитан пост на нашиов веб сајт ги наградивме пријателите од ВЕЛОЕВРОПА и нивниот настан „Мариово off road expirience 2017“.  Нашата статија за овој настан беше прочитана 3865 пати.

  За нај БАЈКЕР во 2017 година едногласно си го прогласивме Александар ПОПОВ, кој од вкупно 51  настан кои ние ги возевме, Александар помина преку 1500 км ( не сметајки ги поединечните возења). Честики за него.

  Благодарност на сите гости кои ни дојдоа од другите градови, на сите останати со кои имаме добра соработка и искрено пријателство им посакуваме во следната 2018 уште подобра и поинтензивна и позитивна комуникација..прва контролна, се гледаме на АЗОТ 2018 мтб предизвик, некаде во втората половина на мај….

                         

1298total visits,2visits today

You may also like...