Повик за регистрирање на членови на Велес Бајкинг за 2019 година

Здружението на граѓани „ВЕЛЕС БАЈКИНГ“ – Велес започнува пријавувањеза членови за 2019 година.

  Согласно Статутот на нашето здружение, членството е на доброволна основа и е на две категории:
– Редовни членови кои имаат обврска за плаќање годишна членарина во износ од 600 денари годишно;
– Пасивни членови кои немаат никаква обврска кон здружението, немаат обврска за плаќање на членарина а пријавувањето како член е чисто како интерес и волја за заеднички активности со здружението.
  Секој член ке биде активно и рамномерно вклучен ов сите наши активности ( согласно неговата желба и можност за активност во сите дејствувања на здружението.
  За следната 2019 година Имаме планирано неколклу интересни активности, секако најголемиот од нив е 5-от Outdoor Festival „АЗОТ 2019 мтб Предизвик“ кој традиционално го организираме некаде на крајот во мај. Тука секако е и комплетната организација на 6-та мтб тура „Питијада-Велес 2019“ во октомври, неколку локални тури кои минатата година предизивкаа поголем интерес (Степската тура сите ја очекуваме со големо нетрпение).
На крај за оваа 2019 година имаме и во план на пост-промоција и голем маркетинг план на две комерцијални тури и маркација на уште неколку локации каде веќе сме во завршни преговори.
  Сумарно, следната 2019 година ќе имаме многу активности на внатрешно ниво, а тука се и посетите на сите останати големи велосипедски настани, па … повелете да се дружиме во 2019 година!!
 
  Во продолжение ви одвојуваме и неколку членови од нашиот статут кој ги опишува правата, обврски и привилегиита на членството.
  Заинтересираните за членство во ЗГ „Велес Бајкинг“ подетални Потедални информации во порака, телефон, или било како на друг соодветен начин.
 
Член 17
  Член во Здружението може да биде секој полнолетен граѓанин т.е државјанин на Р. Македонија или пак странец кој доброволно ќе пристапи кон Здружението со давање на писмена изјава.
Малолетно лице со наполнето 14 години се зачленува во Здружението со давање на потпишана изјава за согласност на неговиот законски застапник за зачленување, во согласност со закон.
  Членувањето во Здружението се врши со пристапница, која при исклучување или престанок на членување во Здружението, задолжително се поништува.
  Здружението за своите членови води Регистар на членство , кој се ажурира еднаш годишно, на крајот на секоја календарска година. По барање на Извршниот Одбор ажурирањето може да е квартално или полугодишно.
  Членството во Здружението може да биде редовно или почесно.
  Редовните членови на Здружението се членовите кои имаат платено членарина за тековната година и имаат право да бидат бирани за членови на Собранието, Извршниот Одбор, Надзорниот Одбор или други фукнкции кои се предвидени во рамките на управувањето на Здружението .
  Пасивни членови се лица кои немаат обврска за плаќање на членарина за тековната година, но во исто време немаат право на глас во донесувањето на одлуки.
  Здружението ја гарантира анонимноста на личните податоци на своите членови кои тоа ќе го побараат.
 

1929total visits,1visits today

You may also like...