Поставени две нови инфо табли со мапи за планински велосипедизам во регионот на АЗОТ

Изминатиот викенд во регионот на АЗОТ беа поставени две нови инфо табли со модерни мапи за велосипедски и планинарски патеки во овој регион.

Со ова бројот на вакви табли порасна на пет, а се поставени на видливи места кои ќе овозможат визуелно проследување на велосипедската патеки во овој регион со вкупна должина од 53,5 км. Покрај овие табли, во наредниот период ќе се постават и 20-на дрвени столбови со јасни видливи знаци кои ќе им помагаат на сите велосипедисти и планинари во природата. Со оваа акција бројот на поставени дрвени столбови ке порасне на 60-на и преку 100 други визуелни знаци.

   

Сите овие знаци за движење низ отворен простор се  поставуваат во пресрет на одржувањето на 5-от по ред Outdoor Festival АЗОТ 2019 мтб предизвик кој ќе се одржи на 25-26 мај со централно место во с.Богомила. За времетраењето на настанот се очекува во Богомила и околните населени места да учествуваат преку 400 велосипедисти, планинари и дополнително преку 1000 останати посетители.

Поставувањето на инфо таблите, столбовите и визуелните знаци се во склоп на проектот „Обележување на патеки за планински велосипедизам“ финансиран од Амбасада на Република Словачка во Скопје, а е спроведен од здружението на граѓани за планински велосипедизам ВЕЛЕС БАЈКИНГ од Велес

Сите информации за 5-th Outdoor Festival АЗОТ 2019 мтб Предизвик можете да ги најдете на нашиот веб портал www.velesbiking.mk  и на Facebook профил https://www.facebook.com/velesmountbiking/

       

1692total visits,3visits today

You may also like...