Поглед кон Пешти, загубеното село Убого и разрушениот манастир

Овој викенд возевме низ неколку интересни предели, во околината на Велес и регионот на Градско. Релацијата беше Велес-Пешти-с.Црквино-с.Ногаевци-с.Убого-с.Кочилари-с. Караслари-Велес во должина од 56,6 км.

   

Навидум лесна тура со вкупно искачување од 712 м. Релацијата, со комбинација од асфалт и офф роад. Откако излеговме од Велес и се упативме кон познатата велосипедска релација на Велешани во летниот период- до чешмата кај Агриа, патеката оди десно по стариот пат за Црквино па се  до атрактивниот локалитет Пешти , но гледајки го од западна страна. По кратката пауза и фотографиите кои кажуваат се, се  упатуваме кон Црквино, а пред селото вртиме назад по асфалтот до локалниот пат кон Градско. Влегуваме  во с. Ногаевци преку мостот на кој стои мал споменик од времето на комунизмот, односно од времето кога Јосип Броз Тито бил на посета во овој регион.

          

Крајната дестинација ни е  село Убого, разрушено и напуштено, со разрушен манастир св. Троица ( до пред некое време мислв дека манастирот е со име св. Атанас). И покрај тоа што овој манастир е  оставен на времето да го доразруши, сепак, фреските  во него стојат ( дел од нив) како да се цртани од скоро.По паузата покрај Брегалница, се враќаме повторно кон Ногаевци, и  возиме десно од Вардар, покрај ниска зимзелена шума, се до Кочилари, а потоа и до Караслари. Сумарно, ова е  една од полесните тури низ Велешко, а со посета на повеќе села и неколку објекти кои имаат  извонредно значење за овој регион.

       

2283total visits,4visits today

You may also like...