Планинарење на Љуботен

По повод денот на ослободување на град Скопје, традиционално секоја година се организира искачување на врвот Љуботен 2499мнв на Македонско-Косовската граница каде всушност започнува планинскиот масив на Шар Планина.

       

Оваа 2018 времето комплетно беше на страна на нас кои бевме таму и имавме едно вистинско пролетно уживање во доцна есен…

Инаку, поради своите црти и поради издвоеноста од другите и поради својата забележливост од сите страни и од поголеми далечини, Љуботен е највпечатлива Шарпланинска точка и еден од најубавите врвови на Шара.

Стартот на планинарската тура е од с. Старо село на 900мнв. Вкупната должина од ова место до планинарскиот дом Љуботен и конакот „Љуботен“ на 1.622 мнв е 6-6,5км, а потоа до самиот врв дополнително уште 4км. Временски, од Старо село до домот се пешачи некаде 3-3,5 часа, а потоа кон врвот дополнително 2,5-3 часа. Без разлика на тежината на турата која ќе ве исцрпи до последен атом сила, чувството дека сте на еден од најубавите врвови на Балканот поради неговата местоположба е непроценливо. Бескорисни се зборовите напишани, едноставно потребно е да соберете храброст,малку сила и многу самодоверба и во прва прилика да ја изгазите патеката која на делови изгледа како да одите по жица на висина од 2000мнв.

Не оставајте некој следен пат и некој следен планинар да ви раскажува, направете го тоа вие самите, и со задоволство раскажувајте им на своите блиски.

Искачете се на Љуботен, одете во планина, сакајте ја Македонија!!!!

                       

763total visits,37visits today

You may also like...