Петтиот Outdoor Festival „АЗОТ 2019 мтб Предизвик“ закажан за последниот викенд на мај

Петта година во ред Богомила и регионот ќе биде центар на еден од најголемите аутдор фестивали во Македонија и ќе биде домаќин на неколку стотици љубители на активностите во природа.

Петто јубилејно издание на најголемиот outdoor настан во регионот на АЗОТ и пошироко на територија на Македонија, 5-та година во организација здружението за планински велосипедизам ВЕЛЕС БАЈКИНГ и нивните пријатели и поддржувачи.

Центарот на сите планински велосипедисти, планинари, планински тркачи, и други активности на отворено ќе биде во с.Богомила а ќе бидат активни и сите останати населени места во целиот регион на АЗОТ. Како и секоја година е предвидена богата програма за сите возрасти која во два дена ќе биде понудена на сите заинтересирани. Сместување во компактен камп за шатори, WC, free WI-FI, паркинг за 200 возила, Хотел и ресторан на самото место, планинарски дом со извонредни услуги, жители со пријатна насмевка и многу други поволности кои ги нуди Богомила и регионот.

       

Централниот настан недела на 26-ти мај каде ќе се возат две патеки за планински велосипедизам кои минат низ многу атрактивни природни локации. Дополнитлено, во дваат дена има предвидена богата програма за сите возрасти – од едукација за деца, спортски и културни активности, документарни филмови за Богомилството и историјата на регионот и многу други изненадувања. Целокупната програма дополнително ке биде објавена на евентот на  фан пејџот на Велес Бајкинг на facebook.

Единствена прилика да го вдишете духот на Богомилите, да се сликате на Римскиот мост во Богомила, да возите низ преубавите села Папрадиште, Нежилово, Црешнево.. да пиете чај на трева пред планинарскиот дом во Чеплес, да вкусите каша од домашен вргањ во Бистрица,неколку водопади долж патеката, поглед од милион долари кон Солунска глава… Сите овие и многу други изненадувања ве очекуваат на петтиот по ред outdoor festival АЗОТ 2019 мтб предизвик.

Во исчекување на датумот, следете  ги сите  објави на евентот на настанот и …  возете велосипед!!

https://www.facebook.com/events/2021001721349931/

 

 

 

2807total visits,1visits today

You may also like...