Off road прошетка по Македонските Степи

Последен сончев викенд за оваа 2015 година.По идеја на Боби Касандар од ВЕЛОЕВРОПА заедно со Тео, ја направивме  турата  по централно источна Македонија во регионот на Градско-Неготино, на релација Велес-Градско-Уланци-Убого-Ногаевци-Кочилари-Долно Караслари-Велес во должина од 65,4 км.Овој предел е речиси без шума, па така ние  си ја нарековме „Македонската Степа“.Како наш добар пријател  не придружуваше и Војводата Марио Шаревски, големиот љубител  и познавач на  Македонија.

Стартот од Велес, малку ладно, температура од 4,5 степени.Се  до излезот од клисурата, до влезот  пред  Ногаевци, по асфалтниот пат кон Градско, патот  беше  подмрзнат и влажен.Првата пауза во Градско ја искористивме  за топло чај и по една кифла.Поминувајќи го с. Уланци, одевме  по земјени калливи патишта, покрај веќе насадените житни Македонски полиња.Се  спуштивме до течението на реката Брегалница и неколку километри ги поминавме во песочната делта на реката.На 1 км од стадата пред село Убого моравме да  пешачиме затоа што Боби утврди дека патот  кој порано водел директно до бачилата е „изоран“. (подоцна се  утврди дека констатацијата е точна). Како и да е , на влезот од бачилата не  пречекаа „чуварите“ – големите шарпланинци кои ни еден миг не не испуштија од вид.Среќа, домаќините беа со нас…Веднаш по бачилото ја преминавме Брегалница и – еве  не во напуштеното село Убого, каде го посетивме  разрушениот манастир, кој по мое видување би требало да е Св. Василиј….Претпоставка е  дека  манастирот  е  граден негде пред 250-300 години, нема покрив, но изненадувачки фреските  се  одлично зачувани.Марио се  обврза да  напише нешто повеќе  за ова  во Википедија.Инаку селото е  одамна напуштено, има неколку стари куќи изградени од глинени цигли и една  од понова градба, по претпоставка дека е градено пред  неколку десетици години и и служела за преноќиште на овчарите.

IMG_20151226_124857  IMG_20151226_124908

 

 

 

 

По ова, се упативме  кон Ногаевци, поминувајќи низ убава борова шума.На влезот од селото, мала незгода- дупната  гума и свиткан бандаж.На излез од Ногаевци се  упативме  кон мостот да  го сликаме  споменикот на едно минато време- Комунизмот, кој стои на влезот од мостот од десната страна, и укажува на времето кога е правен мостот.Имавме  идеи кој споменик да се  постави и од левата страна, но тоа ќе  го прескокнеме.До долно Караслари возевме  преку Кочилари по десната страна на Вардар, по еден широк земјен пат уживајќи во Сонцето, како да е  мај месец.

IMG_20151226_142625 IMG_20151226_141541

 

 

 

 

 

Се на се,крајот на оваа велосипедска година  го заокружвме како предвесник на очекувањата за 2016 година во која оваа екипа ќе помине многу села  и места  во нашата  ни мила Македонија.

Велес Бајкинг декември 2015 година

IMG_20151226_153240

615total visits,2visits today

You may also like...