Мокрени

Еден од последните сончеви денови за 2014 година, ЗГ „ВЕЛЕС БАЈКИНГ“-ВЕЛЕС организираше велосипедски настан Велес-Мокрени во должина од 90 км. Впечатоците на крај од денот беа огромни, како од прекрасниот сончев ден, така и од огромната позитивна енергија споделена меѓу учесниците и природата. Уште еднаш Азотот ни покажа дека е едно од најубавите места во Македонија.

Стартот на турата беше од Велес, познатата почетна точка на групата – споменикот Панко Брашнар во Велес, во 09:00 часот. Во добро познатата релација до с.Мокрени ги поминавме с.Стари Град, с.Оморани, рибен ресторан Пинк- Оморани, за да некаде во 12:30 часот пристигнеме во манастир Св. Спас во с.Мокрени каде по кажување на мештаните разбравме дека овде свои одаи има поглаварот на Македонската Православна Црква г.г. Стефан.

Околината на с.Мокрени и с.Ораов Дол изобилува со дивеч, па одвреме–на време се слушаше по некој истрел од ловџиска пушка.

Во 13:00 пристигнавме во с.Мокрени каде бевме гости (ненајавени) во планинарскиот дом, кој сеуште е во сопственост на некогашна Топилница. Дел од поранешните вработени сеуште доаѓаат овде и го одржаваат, а богами и припремаат вкусно гравче со домашна кисела зимска салата. Паузата од 40-на минути ја искористивме за дегустација на вкусното гравче, и по една “домашна“…..

На враќање направивме кафе-пауза во рибниот ресторан Пинк, лоциран на самиот пат Велес-Богомила (близу с.Оморани) и топло го препорачуваме на сите кои ќе се најдат во тој регион.

Некаде во 16:45 пристигнавме во Велес, со заклучок дека ова беше една од подобрите асфалтни тури кои „Велес Бајкинг“ ги организирал. Се надеваме дека следната 2015 година ќе ја репризираме во многу поголем број.

Голема благодарност за прекрасните фотографии од Ване Михајловски.

1078total visits,3visits today

You may also like...