Македонско-Украинска велосипедска МТБ експедиција ќе вози велосипеди на највисокиот превој во свет 5416 Торонг Ла

Од 8 до 24 Ноември за прв пат Македонска велосипедска МТБ експедиција ќе вози велосипеди на највисокиот превој во свет 5416 Торонг Ла. Поточно се вози околу Анапурна 8091 м.н.в., а притоа ги следат и другите врвови Даулагири 8167 м.н.в., Манаслу 8156 м.н.в.

   На обиколката се поминуваат од 250км. до 320 км. Стартот е од градот Бесисахар кој се наоѓа на 800 м.н.в. и се вози до превојот Торонг Ла кој се наоѓа на 5416 м.н.в. За цело возење се очекува да се искачат помеѓу 10 000 до 13 000 метри елевација. Тепмературата на највисоката точка ќе биде од -17 до -25 целзиусови степени. Доколку дозволи времеснката прогноза како и времеската рамка, се планира да се посети и езерото Тиличо, за кое се потребни околу дополнителни 3 дена скршнување од регуларната патека и повтроно враќање назад кон Торонг Ла.
Оваа експедиција со велосипедите ќе поминат низ многу водопади и глечери. Исто така ескпедицијата во Анапурна паркот ќе можат да видат околу 13 врвови над 7000 м.н.в., како и околу 16 врвови над 6000 м.н.в. Всушност целата оваа авантура е инспирирана од највисоката МТБ трка во светот YAK ATTACK, со тоа што оваа експедиција оди во комплетна самостојна режија.
Да им посакаме убаво време и лесни нозе на нашите пријатели Лазо Миновски Сашо Перовски и Ростислав Палагусинец.

 

   Во меѓувреме додека ја пишуваме оваа статија, нашите пријатели пристигнаа во Непал. Им посаккуваме успешна експедиција и да ни се вратат со многу сомени, емоции и фотографии.

1570total visits,2visits today

You may also like...