контролна тура АЗОТ2017 мтб предизвик – прво отварање

Изминатиов викенд бевме на местото каде за неполни 60 дена ке  се одржи еден од најголемите  off road рекреативни тури во Македонија.

   

 

Поминавме 2/3 од големиот маратон, или скоро 90% од малиот маратон. Стартот, како и на 28 мај, ни беше во дворот на ОУ „Петар Поп Арсов“ во с. Богомила. Некаде во 09:00 часот тргнавме, прва дестинација село Црешнево. До таму од самиот старт има 8,5 км, а на почетокот започнуваме со асфалтно возење во растојание од 3км. По третиот километар, свртуваме лево во off road патека и веднаш на свртувањето влегуваме во мини тунел над кој поминува железничката пруга Велес-Прилеп. Патот кон село Црешнево изобилува со убави расцветани дрва, бујна вегетација и цврст, црвеникав пат кој во дождливи услови практично е невозможно да се  вози…

    

Пред самото село се наоѓа селската црква св.Петка која, навидум е обична како секаде, но кога ке влезете внатре има што да се види. „Фреските“ ( иако не се тоа) се  цртани во 1862 година, а на нив, интересни работои кои скоро и да ги нема никаде на друго место. Над самиот олтар се седум икони со дрвени рамки, ана на зидовите целосни приказни кои  ги прикажуваат борбата на доброто и злото. Тешко е да се  опише тоа, треба секој да отиде и да види…

         

Село Црешнево е на 800мнв и во него живеат некаде 10-14 жители. Толку останале. На селото се издигнати високи карпи кои наликуваат на џинови. „Во зимото неколку пати ако има многу снег доаѓа до снежна лавина, вели Баба Цвета“… што може да се  види од легнатите дрвја. Тргнуваме нагоре, за неполн час, што возење, што туркање, стигнуваме до Црешневски преслап на висина од  999мнв каде има восхитувачки поглед. Од тука во едно може да ги видите село Папрадиште, пл.дом Чеплес и прекрасната убавица – Солунска глава. Паузата за восхит е неизбежна, па така 30-40 минути овде уживавме во погледот.

        

До Нежилово следи добар, атрактивен и многу опасен спуст, кој треба многу внимателно да се  вози. Теренот е со големи дупки и многу песок. На половина пат е и селото Капиново, иако не влегуваме во него, доволно е да одмориме на падината над него и да уживаме. Го поминуваме Нежилово, покрај него преубавата и бистра река Бабуна која не следи некаде 2-3 км во спротивен правец. А до пл. Чеплес, квалитетно возење по класичен офф роаф во комбинација со камења во должина од 11км. Елевацијата покажува дека се качуваме од 700мнв на 1450 мнв. Самата секвенца е поделена на два дела, првата до ознаката на изворите на Бабуна во која има повторно импресивен поглед од „милион долари“ и втората која е за нијанса полесна за возење со оглед дека последните 2 км се далеку полесни. Кога ке стасате Чеплес, може да се радувате, следната делница се до крајот е downhill…..Паузата во Чеплес е неминовна, тука секогаш има планинари, тука можете да размените пријателства и искуства од разни патувања. Тука секогаш е пријатно за љубителите на природата.

         

До село Папрадиште е делница со класичен спуст во должина од 6,8км од каде влегувате  директно во едно од најубавите села во Македонија. Сред село е таблата на која можете да се информирате за сите детали на овој маратон, и е поставена во 2015 година од страна на ЗГ Велес Бајкинг-Велес.

По Папрадиште следи 100% асфалт се до селото Богомила каде е и крајот на маратонот. За делот кон Прилепскиот пат – во некоја друга прилика бидејќи и таму има многу што да се пишува.

Вкупната должина на ова контролно возење е 44.7кмсо вкупна Елевација од 1457м. што преставува класа на средно тешки тури.

1212total visits,1visits today

You may also like...