Кампања за стари, традиционални игри во Општина Градско

   Во рамките на проектот „ Кампања за создавање на позитивни животни практики,здрави навики и вредности!“  во Општина Градско се одржа последната активност наменета за децата под наслов „Активности на стари, традиционални детски игри “

            

Децата од ООУ Даме Груев – Општина Градско под водство на менторите на овој проект Наташа Коцева и Весна Николова – наставници по физичко воспитување во рамките на еден училишен час ги играа игрите кои се веќе подзаборавени со цел обновување на интересот на овие игри и продолжување на традицијата на овие игри помеѓу децата.

Согласно предвидените активности се играа неколку игри и тоа: зуски ( џамлии), влечење јаже, Јанино-Јанино, к’цканка. Во текот на еден школски час овие деца наизменично  и периодично ги играа сите овие игри – оние кои ги знаат ги учеа децата кои не ги знаат овие игри. Со ова во целост се  реализираше идејата и концепцијата на овој проект, што всушност е анимирање на старите детски игри од детството на постарите генерации,  воведување на нови иновациски игри, како и комплетна едукација и учење на децата кои се опфатени со овој проект на игрите кои беа презентирани и оттргнување на децата од седење пред компјутери, лап топи,мобилни телефони и др. технолошки помагала.

           

На крај на активностите беше поделена спортската опрема наменета за трите училишта каде се одвиваа спортските активности од овој проект.

Проектните активности се спроведуваа заедно со партнерите на овој проект – Општина Велес, Општина Градско, ООУ „Даме Груев“ – Градско, ООУ „Васил Главинов“ – Велес и ООУ Кирил и Методиј – Велес, како и Вардарскиот плански регион.

Проектот „ Кампања за создавање на позитивни животни практики,здрави навики и вредности!“ е имплементиран во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ спроведен од АЛДА Скопје, Европско движење Македонија и Здружението на финансиски работници  на локалната самоуправа и јавни претпријатија со финансиска поддршка на Европската унија преку ИПА 2 инструментот.

                          

 

Проектен тим на

Велес Бајкинг

1441total visits,59visits today

You may also like...