“Ис(в)куси ја Македонија во Рамстор Мол” саем за традиционална македонска храна и активен туризам!!!

Наредниот  викенд, на 24-25 февруари во Ramstore Mall – Skopje ќе се одржи саем на здрава храна и активен туризам под наслов „ Ис(в)куси ја Македонија – Саем за традиционална храна и туризам“

14570648_10155296882815968_7551099697354476179_o

Вински туризам со велосипед

14925561_1523803424313490_6211726802018344970_n

Преку 30 вкусни, традиционални производи кои не се редовно достапни во Скопје ќе бидат на продажба – вина од малите тиквешки винарии, крушевски домашни џемови, велешки органски мед и многу други. Исто така, на овој саем свој презентација ќе имаат и неколку  интересни понуди од областа на активниот туризам како што е параглајдинг во Крушево и Охрид, јавање коњи во Галичник, планински велосипедизам во Мариово и Богомила.

На овој саем на покана од организаторот ќе учествува и  ЗГ Велес Бајкинг-Велес кој ќе ги презентира своите три тури:  АЗОТ 2017 мтб предизвик кој ќе се одржи на 27-28 мај во Богомила со несекојдневна планинска велосипедска тура низ атрактивните места во овој регион. Оваа година се  очекува проширување на активностите на настанот, односно покрај планинскиот  велосипедизам на која ќе се вози една од најтешките и најубавите патеки во Македонија, ќе има и планинарење и планинско трчање. Исто така че има понунда на фамилијарен ислет, односно класична прочетка низ Богомила наменето за оние  кои планираат да  го поминат предвидениот викенд со семејството. ЗГ Велес Бајкинг-Велес исто така ќе промовира и две комерцијални тури кои го поврзуваат винскиот туризам со велосипед. Првата тура е Вело-винска тура (Wine & Bike tour) која опфаќа дводневна авантура возејќи со  велосипед и истовремено посета на најголемите винарии во Тиквешијата ( со однапред предвиден план и агенда на турата), а втората е  најновиот проект на ЗГ Велес Бајкинг – Вардарската Вело-Винска тура која ги поврзува двете винарии кои гравитираат во Велешкиот регион, секако со посета на други позначајни места во тој дел..

16808441_10208101440604924_171653446_n

прекрасен поглед од винарија Тристо кон Солунска глава

16780164_10208101440564923_122269728_n

манастир св. атанас во с. Виничани

 

1105total visits,2visits today

You may also like...