Иницијатива за укинување на забраната за превоз на велосипеди во воз

  Оваа иницијатива е граѓанска, согледувајќи ја нелогичноста во нашето општество да се залагаме за здрава животна средина, да промовираме екологија, а од друга страна да забрануваме транспорт на велосипеди со воз.

   Неколку години наназад е воведена забраната за транспорт на велосипеди со воз. За разлика од современите Европски и Светски општества во кои толку силно се огледуваме и се стремиме кон нив, во практичниот живот целосно одиме во спротивен правец. Во Хрватска, на пример, се субвенционира возната карта ако со себе имаш велосипед ( значи имаш помал износ за 10 или 20%). Во Македонија треба да се молиш да дојде „Шпанецот“ па ако веќе дојде, а сте група од 7 или повеќе велосипедисти, треба само 5-мина да се качат ( останатите не смеат) и дополнително да платат 190 денари за велосипедска карта.
Наша иницијатива е слободен транспорт на велосипеди, редовна патничка карта за корисникот и симболичен надомест за велосипедот ( 50-60 денари).
Доколку ја поддржувате оваа иницијатива, Ве молиме пополнете го овој електронски дел .

  За слободно движење со велосипед!!!

Линк за електронската петиција ТУКА

6159total visits,17visits today

You may also like...