ЕХО фестивал на планински филм

karas-54855

Во период од  02-05.11.2015 во просториите на кино милениум, ГТЦ се одржува најголемиот културен настан кој ја слави природата и планините: планинскиот филмски фестивал „ЕХО“!

Фестивалот нуди богата програма на документарни филмови од оваа тематика.По изминатиот прв ден од фестивалотза одбележување е премирата на Македонскиот документарен филм „Слобода на две тркала“ кој ја обработува темата на велосипедски туринг преку искуствата и авантурите на членовите на Македонската Тур де Франс Експедиција која оваа година беше на јубилејното петто патување.

кино салата „Милениум“ беше претесна да ги прими сите заинтересирани лица кои беа заинтересирани да  го видат овој интересен видео проект.Пред присутните се престави еден од авторите на филмот Слободан Трајковски, учесник во петте експедиции на Tour D’ France.Во текот на филмот публиката позитивно реагираше на настаните, што е доволен показател за успешноста на истиот.

Ви ја пренесуваме комплетната програма на овогодинешниот  ЕХО фестивал:

–02.11.2015 (Понеделник), Кино Милениум
19:00 ЦИТАДЕЛА – Англија, 2015, Алистер Ли, 55’
20:00 Отворање на Планинскиот Филмски Фестивал „Ехо“ – 2015
20:05 Претставување на Слободан Трајковски
20:15 СЛОБОДА НА 2 ТРКАЛА – Македонија, 2015, Игор Д. Јовановски, 18’
20:33 Коктел во чест на 6-тото издание на ЕХО
20:48 МЕТАНОЈА – САД, 2014, Џим Ајкман, 80’
22:13 МАЛИТЕ НЕШТА – САД, 2014, Дарси Турен, 47’

—03.11.2015 (Вторник) – Кино Фросина (МКЦ)
17:00 СЛОБОДНО – Англија, 2014, Алистер Ли, 27’
17:27 АРКТИЧКИ ВОЗДУХ – Англија, 2014, Фин Мекен, 33’
18:00 ЗА РЕКАТА – Словенија, 2015, Нејц Миљак, 32’
18:32 ЕХО ОД ДРИМ – Македонија, 2015, 10’
18:52 Презентација на Јержи Поребски
20:00 МАНАСЛУ – Полска, 2014, Јержи Поребски, 26’
20:36 ОДБЛЕСОК – САД, 2014, Ник Вагонер/Мајк Браун, 6’
20:42 Презентација „Турно и фри рајд скијање во Бугарија“ – Кирил Попбожиков (Бугарија)
21:30 Презентација „Фрирајд на „Недопреното““ – Бине Жалохар (Словенија)
21:52 НЕДОПРЕНОТО – Словенија, 2013, Митја Легат, 38’

—03.11.2015 (Вторник) – Џебно Кино, МКЦ
17:00 ШУНКАЛИ – Непал, 2014, Бојраџ Бат, 51’
17:51 ПОТРАГАТА – САД, 2014, Крис Олстрин, 26’
18:17 КУНЈАНГ ЧИШ ИСТОК – првенствено искачување“ – Италија, 2014, Матео Веторел/Милена Холцкнехт/Алесандро Бандинели, 38’

—04.11.2015 (Среда) – Кино Фросина, МКЦ
17:00 ОБИДОТ ЗА РЕКОРД НА ВЕЈНРАЈТ – Англија, 2014, Алистер Ли, 33’
17:33 СВИРКА ВО КИНА – Франција, 2014, Еврард Венденбаум, 54’
18:40 ОПЕРАЦИЈА МОФАТ – Англија, 2015, Џен Рендал/Клер Џејн Картер, 24’
19:04 НИНИ – Италија, 2014, Џиџи Гиустиниани, 66’
20:25 НАЦИЈА НА БРАНИ – САД, 2014, Бен Најт/Тревис Рамел, 53’
21:30 СИТЕ МОИ КАСКАДЕРСТВА – Англија, 2014, Алистер Ли, 26’
21:56 Прикажување на селекција на видеа од конкурсот за „Најдобро аматерско видео“, 35’

—04.11.2015 (Среда) – Џебно кино, МКЦ
17:00 ФЕСТИВАЛ НА СТРАДАЊЕ 2: ПУСТИНСКИ АЛПИНИЗАМ – САД, 2014, Сидар Рајт, 27’
17:27 НЕПОЗНАТО МЕСТО – Холандија, 2014, Сузан Опстал, 28’
17:55 ПРОЕКТ МИНА – Англија, 2014, Џен Рендал, 18’
18:13 МЕSАЛАМА – Италија, 2013, Анџело Поли, 47’

—05.11.2015 (Четврток), Кино Милениум
19:00 ДИВИТЕ, НОВИ ХРАБРИ – САД, 2014, Оукли Андерсон – Мур, 28’
19:28 ПРВА МАКЕДОНСКА ТРАНСВЕРЗАЛА – Македонија, 2015, Горан Вучиќ/Кирил Шентевски, 38’
20:20 Прогласување на победниците на конкурсот „Најдобро аматерско видео“ и победниците од официјалната селекција на филмови учесници на овогодинешното Ехо од страна на жирито и победниците на конкурсот „Најдобра планинска фотографија“ од страна на тимот на Ехо
20:45 СЕРО ТОРЕ: ШАНСАТА НА ТОПКАТА СНЕГ ВО ПЕКОЛОТ – Австрија, 2013, Томас Дирнхофер, 100’

ВЛЕЗ СЛОБОДЕН

612total visits,2visits today

You may also like...