„Крушево низ корија“ сезона II, епизода – НАЈУБАВАТА!!!!

Стартот на вториот дел на Велосипедските  организирани тури низ нашата убава Македонија започнаа на најубав можен начин. Крушевската авантура низ коријата беше нешто што ни еден бајкер не би смеел да го пропушти.

14095695_10154392881686358_2620587558811125215_n    IMG_20160821_093304

Првиот збор за Крушево како туристичка атракција не е веќе Македониумот, револуционерите, Крушевската Република… Приматот е превземен!!!..  „Крушево низ Корија“ , сезона II, епизода НАЈУБАВАТА!!!… прекрасен викенд, испонет со премногу добри активности, за секого по нешто. Два дена имаше  голема адреналинска понуда за летање со параглајдер – тандем ,  два дена понуда за  спиење на отворен простор низ најубавата планинска шума на ливадата во Мечкин Камен…Два дена со можност да шетате низ Крушево , онака мангупски, со точачето под вас…. Убавина на куб, не на куб, на десети степен.

14079905_1063569503723951_3701375308767630495_n    14089279_10205999904671338_8517002837802883609_n  IMG_20160821_100031

Скоро на секоја организирана тура втиснавме по некој пишан запис, со кој ги запишуваме впечатоците на нас, учесниците на овакви настани. Е па, за „Крушево низ корија“ едноставно нема идеја што да се  напише. Едноставно, не може да се  долови онаа позитивна атмосфера која владееше буквално во секој од нас што беше таму, позитивна атмосфера која тлееше во текот на трите  дена, а исто верувам дека сеуште трае  таму некаде  под Македониумот, или кај Монтана. Саботата вечер, прекрасна забава, со двајца класични ДЈ-и кои се препознатливи за својот стил. Неделата, онака, со насмевка и со нетрпение на секој од нас,посебно на оние кои попрв пат доаѓаат на оваа тура. Стартот во 10:00. Претходно, изјави, снимања, камери.. се  што доликува на голем , организиран настан. И сето тоа поддржано од Општините Прилеп и Крушево, секоја чест за нив, мотив повеќе за сите оние кои можат да помогнат.

IMG_20160821_093257   14079564_10154412365002731_1600727783406927706_n    14063791_10208874292288689_8181619947662179653_n

Патеката, измешана…малку асфалт, повеќе off road, малку угорница, малку downhill.. Двете тури, малата и големата се  комбинираат по патеките, најголемиот дел од учесниците стигнаа до манастирот „Св. Преображение“, симболот на конекцијата на Божественоста на еден обичен Крушевчанец…. манастирот на големиот Тоше Проески. По овој дел, останува некаде 10-на  км угорнина кон планинарскиот дом под Врв Мусица 1801м.н.в. Таму не пречекаа љубезните домаќини ( домајчини, по Прилепски) со убава домашна ракија која не смееш ни да помислиш да не ја пробаш. По ова – спуст. Адреналин до врвот на главата. За неполн час си над Крушево, го поминуваш споменикот во месноста „Слива“ , едно од многуте каде се водела тешка борба со Турскиот аскер за време на Отоманската окупација. Потоа  следи Крушевското езеро, па големиот Македониум. Следува неизбежно сликање- не се  вози секој ден низ Крушево. По ова, следи мала бајкерска прошетка низ градот и на крај – мотел Монтана и неизбежното гравче.

Сумарно, без никакви пристрасности, Коријава не направи сите нас помилозливи и полни со позитивни вибрации. Прекрасен вовед во летно-есенскиот дел на бајкерски турнеи низ Македонија. По ова следи  Попова Шапка, и таму очекуваме најмалку оваква позитивна дружба и добро возење…

13925355_1424652207552142_2812240634674586689_n   13934628_1424652147552148_2151396079389790535_n   IMG_20160821_141246   IMG_20160821_103434

П.С. Ме радува фактот  што Македонија не е држава на хејтери,негатори и нихилисти …Не, Македонија е  земја на прекрасни луѓе, со широка насмевка и со огромно позитивна енергија која се пренесувамеод еден на друг. Велосипедистите  се голем доказ за тоа. Овие настани преполни со дружења и смеа треба да бидат слика како се гради позитивно општество. Хејтерите нека си седат дома – не ни требаат!!!

767total visits,1visits today

You may also like...