100 години од тунелот кај Демир Капија

ЗГ Велес Бајкинг заедно со неколку здруженија и велосипедски организации, присуствуваа на настанот организиран како 100-годишнина од пробивање на тунелот кај Демир Капија од Германската војска, односно по наредба на Царот Wilhelm II.

13438871_1084069334982403_2093276867669213562_n    13495307_1084069634982373_2687381219070040659_n

Жешкото време не беше проблем да се поминат 176 км. Всушност на почетокот беше и малку ладно, со примеси на квалитетна магла која не придружуваше со до Неготино ( до 45 км). По Неготино, се до Демир Капија, возевме заедно со Тиквешките Точакџии и Двајца велосипедисти од Неготино. Таму културно не пречека екипата од Демир Капија, која иако не беше организатор на овој настан, срдечно и љубезно им помагаа на на останатите кои дојдоа. По пристигнувањето и на Скопската екипа, се упативме кон тунелот кој во 1916 год. по наредба на тогашниот Wilhelm II,  бил пробиен ( додуша постоечкиот тунел не е оригиналниот пробиен). По протоколарните најави и објаснувања, тргаме кон Миравци со возење паралелено со реката Вардар, но од десната поинтересна страна. Се до Миравци патот е со мали камења, класичен off road, и малку тежок за возење. По пристигнувањето во Миравци, се упатуваме кон локалитетот Бел Рај, интересно карпесто место кое природатда го преуредила во неколку базени за ладење на месното население во летните периоди. Практично, голем дел од турата целта беше ова место. Оние кои решија со возење да се враќаат назад ( ние секако, не само до Демир Капија туку и до Велес), решивме да возиме на сопствен ризик и тоа по автопатот Демир Капија-Смоквица кој сеуште е во изградба. Повторно заедно со екипата од „Тиквешки Точакџии“ ги поминавме овие 22 км со што практично направивме мал увид на квалитетот на асфалтот на патот. е само на асфалтот, и на тунелот каде влеговме без никакви посебни осветлувања ( среќа што тргнавме со ноќна опрема т.е. возевме дел и ноќно).

IMG_20160703_171325   IMG_20160703_143305   13592707_1084069434982393_1729598582664133050_n  IMG_20160703_102712  IMG_20160703_160110   IMG_20160703_160217 IMG_20160703_161519   13533195_1400585609958802_6959196881424365931_n

По квалитетното и интересното возење по делот кој најверојатно никој до сега нема возено, се спуштивме со останатите и пристигнавме во Демир Капија. По пауза од час и половина пропратена со муабет и дружење со „неформалните домаќини“ од Демир Капија, некаде во 19:00 тргнуваме за Велес, потребни ни се некаде три-тр и половина часови за стасаме до Велес. Значи повторно ноќна …. Сепак, до ова не дојде, некаде кај Градско го прекинавме возењето, поради тоа што дел од екипата на Велес Бајкинг сакаше да ни помогне и хумано не пречека со кола и  не префрли до Велес.

И овој викенд поминавме во истражување на преубавите предели на нашата убава Македонија. Следен настан е на 09-10 јули „ајде да возиме на Пелистер“ во организација на Битолските велосипедисти. Па, се гледаме таму……

766total visits,3visits today

You may also like...