MARIOVO OFF-ROAD EXPERIENCE: ENTER THE WILDERNESS – по 5-ти пат изминатиов викенд

IMG_20160528_194808  13308284_10208514215830641_6450855163160733856_o

Изминатиот викенд ( 28-29.05.2016) по петти пат се  одржа големиот  outdoor настан Мариово off road expirience 2016. Настанот го посетрија преку 500 посетители во неколку катерории – планински велосипедизам, планинарење, планинско трчање и др. Настанот траеше три дена со однапред подготвени активности. Првиот ден беше предвиден за сместување на гостите и организациски активности околу шаторскиот камп. Вториот ден беше наменет за учесниците  за планинското трчање, како и рекреативно возење, посета на с.Витолиште, а во вечерните часови имаше луда и незаборавна журка најпрво со двата DJ-а,  за да на крај бендот Hot Line направи „растур систем“ во кампот.

IMG_20160528_224516       IMG_20160528_190644   IMG_20160528_164543

Главниот настан беше во неделата, се возеше велосипедската патека во три дела и тоа ,мала голема и т.н. „Ултра“ во должина од 25,45 и 55 км.Стартот беше во 10:00 часот. Патеките поминува низ неколку Мариовски села, кои изобилуваат со свој карактеристичен стил. Велосипедистите  ги посетија селата Бешиште, Полчиште, Градешница, Старавина, Зовиќ каде мостот на реката Градешница е најголемата атракција на оваа тура. Познатиот мост од филмот на Манчевски „Прашина“ ги воодушеви сите учесници , а најхрабрите се избањаа во „кочан“ ладната вода.

13327524_10206202197045022_5866386054171469095_n   13310563_10206202198245052_262319232693959747_n   13339711_10206202201165125_3377223629718613039_n

Сумарно, помина уште еден одличен организациски настан од оваков карактер,а воедно и за љубителите на Македонските убавини. Третата авантуристичка дестинација по АЗОТ 2016 мтб предизвик и МАРИОВО 2016 off road expirience е за две недели во Тиквешкиот регион – АлШар 2016…се гледаме таму!!!

778total visits,1visits today

You may also like...