Големина на рам на велосипед

Големината на рамот на велосипедот се мери според следниов начин:

  • Од центар на средната главина до влезот на цевката во седиштето

aaaaaaa

 

При купување на велосипед треба да се внимава на големината на рамот, бидејќи од тоа битно зависи безбедноста и здравјето на велосипедистот. Постојат неколклу фактори во овој дел како на пример:

  • Избегнување на трпнење на кичмата
  • Нозете правилно да бидат истегнати

Грубо гледано големината на велосипедот може да се измери и од голо око. При купување на велосипед најпрво седнете на велосипедот, подигнете го седиштето на онаа висина до таа точка каде ногата на спуштеното педало се потпира на најзадната точка (петата). Ако осовината на велосипедот ја гледате ПОЗАДИ воланот, тогаш велосипедот е ГОЛЕМ. Ако пак, осовината на велосипедот ја гледате ПРЕД воланот тогаш велосипедот е МАЛ.

Сепак, за прецизно мерење на  големината на рамот е според овој систем:

images

Застанете прилепен до зид со склопени нозе. Обележете ги крајните точки како сликата ( висина на карличната коска).

За роад/ асфалт велосипед  = измерената должина * 0,66 = ХХ см.

За МТБ/Трекинг велосипед =  измерената должина * 0,66 = ХХ см– (8см до 10см)

Ако сакате мерната единица од см да ги смените во инчи, поделете го добиениот број со 2,54

 

Некои произведувачи на велосипеди прават ограничени големини на рам (S, M, L, XL).

  • S големина MTB – 16” | роад/ асфалт – 44cm
  • M големина MTB – 18” | роад/ асфалт – 50cm
  • L големина MTB – 20” | роад/ асфалт – 55,5cm
  • XL големина MTB – 22” | роад/ асфалт – 60cm

 

За возрасни одговараат следните величини:

висина Димензии на велосипедот
Висина на велосипедистот (см) МТБ (см) роад/ асфалт (см)
155-160 37-40 XS 45-48
161-167 40-42 S 48-50
168-176 42-45 M 50-53
177-184 45-49 L 53-57
185-192 49-52 XL 57-61
192 53- XXL

 За деца одговараат следните величини:

Година или висина Димензии на велосипедот
година Висина (см) Димензии на тркалото        ( во инчи)
2-3.5 85-100 12“
4-6 100-120 16“
6-8 120-135 20“
8-11 135-145 24“
11+ 145+ 26“

Непишано правило, кај МТБ – рамот на велосипедот да биде еден број помал, поради полесно управувањена истиот.

 

 

6004total visits,1visits today

You may also like...