Фестивал на планински филм ЕХО по втор пат во Велес

На 10 мај, среда во Велес по втор пат ќе гостува фестивалот на планински филм ЕХО. Организаторите, заедно со покровителот на настанот, Општина Велес оваа година ќе понудат интересна програма која веруваме ќе привлече голем број на посетители, пред се, поради фактот што во Велес постојат голем број на љубители на планинарењето, алпинизмот, болдерингот, планискиот велосипедизам, кајакарството и други спортови од ваква дејност.

   

Фестивалот во својата програма ке  содржи и три промоции на Велешки спортисти  и здруженија од овој вид на спорт. Минатата година своја презентација пред Велешката публика имаше Тодорче Ѓорѓиев-претседател на ПСК Чеплес, и членови на ентузијасти- алпинисти и искачувачи на карпи.

   

1236total visits,2visits today

You may also like...