ЕХО фестивалот по втор пат се престави во Велес

Вчеравечер, на 10-ти мај со почеток во 19:00 часот со своја три и пол часовна програма пред Велешката публика се одржа ЕХО фестивал на планиски филмови.

   

Втора година по ред, фестивалот успешно беше промовиран пред Велешките вљубеници на овој вид спорт. Во програмат беа вклучени три краткометражни филмови од Македонска и англиска продукција, а како главен филм беше документарецот и животната сторија за еден од најголемите  алпинисти во поновата историја Пољакот ЈЕЖИ КУКУЧКА. Филмот понесе многу емотивни спомени од неговите врвни достигнувања

Јежи Кукучка или ЈУРЕК (24 март 1947 – 24 октомври 1989) ја искачи „Хималајската круна“ за само осум години. На 11 планински врвови повисоки од 8000м Јурек се  искачувал на сосема нови насоки, без никаква додатна помош, без боци со кислород, без висински носачи. Јурек загина на  искачувањето на јужната страна на Лотце.

Покрај овој прекрасен филм, Велешката публика имаше можност да присуствува на три презентаци од свои сограѓани.

   

Свој прв настап пред Велешката публика имаше Марјан Бонев, планински тркач, кој има големи успеси на Европско ниво. Марјан беше Балкански првак во планински трчање, а минатата недела беше дел од Македонскиот тим на трката Ред Фокс Елбрус на највискиот Европски врв Елбрус 5.642мнв.

Исто така своја 20 минутна презентација имаше и Љупче Ѓорѓиевски, алпинист, член на ПСК „Чеплес“. Кој оваа година го искачи највисокиот Јужноамерикански врв Аконкагва на  6,962мнв, и исто така пред неколку денови се врати од експедиција на Хималаите со искачување на врвот Island Peak (Imja Tse) – 6189мнв.

Како трета презентација имаше и Здружението на велосипедисти Велес Бајкинг кој пред посетителите се престави со свои досегашни активности, и секако со своја 10 минутна презентација за велосипедскиот настан АЗОТ мтб предизвик кој по трет пат ќе се одржи во Богомила и регионот на АЗОТ во последниот викенд од месец мај, поточно на 27-28 мај.

   

Фестивалот го отвори и затвори г-нот Александар Зарапчиев, еден од организаторите на овој фестивал.

Фестивалот програмски започна во 19:00 часот а заврши во 22:45 часот..

1247total visits,3visits today

You may also like...