Едукативни работилници за децата од Велес и Градско

   Во рамките на проектните активности на ЗГ Велес Бајкинг-Велес на проект „Кампања за создавање на позитивни животни практики,здрави навики и вредности!“ на ден 02.10 и 04.10.2018 година во просториите на ООУ „Кирил и Методиј“-Велес и ООУ „Даме Груев“ од Градско беа спроведени две работилници на тема : „Влијанието на детските игри врз психо-физичкиот развој на децата“ и „Деформитетите кај децата кои се резултат на физичка неактивност и неправилен начин на исхрана“.

       

   Двете работилници беа со огромна посетеност од децата. на возраст од 09-12 години заедно со своите наставници, експерти ангажирани на овој проект направија прекрасна презентација на своите анализи изработени врз база на анкетни прашалници работени во изминатите три месеци, детална анализа и стручна обработка. Секој од тројцата експерти имаа по 20-на минути за презентација на своите трудови. По секоја одделна презентација следуваше и директна комуникација со присутните дечиња кои го пројавија својот интерес за оваа тема.

   Првата презентација ја имаше м-р Александар Домазетов- педагог во ООУ Васил Главинов во Велес на тема „Анализа и интерпретација на резулатите добиено од спроведеното истражување во рамки на проектот – „Кампања за создавање на позитивни животни практики, здрави навики и вредности!““. Неговата анализа се состоеше во деталн и прецизни резултати врз основа на сработени анкетни прашалници. Тој на децата им ги објасни мислењата ни нивните врсници во врска со употребата на најновите технологии кои ги одделуваат децата од нормалниот детски живот и ги прават асоцијални. Според резултатите од истражувања, децата од основните училишта најчесто слободното време го поминуваат на интернет, а најмалку читајќи книги. Добиените резултати предупредуваат за големата и честа употреба на најновите технолошки инструменти (компјутер, лап топ, мобилни телефони, таблети и др.) а многу помалку децата своето време го користат за прошетки во природа, излети со другари/другарки кои предизвикуваат негативна социјална слика, драстично намалување на писменоста кај децата и деформации при говорот кај децата.

   Втората презентација на тема „Влијанието на детските игри врз психо-физичкиот развој на децата“ беше презентирана од Соња Ристовска – психолог кој на сликовит начин и во директна комуникација со присутните дечиња најпрво им ги прикажа детските игри кои ги играле нивните родители, баби и дедовци, а потоа направи компарација помеѓу позитивните и негативните компоненти на игрите на отворено и компјутерскат технологија кои влијаат врз правилниот развој на детето. Така, како позитивни карактеристики кај игрите на отворено, во природа беа нагласени зголемување на интелектуалниот и социјалниот развој, се подобрува социјализацијата и дружењата помеѓу децата, го подобруваат физичкото здравје (крвна слика, елиминација на токсини и сл.). Од друга страна како негативни компоненти на втората компаративна точка беа нагласени поттикнување на агресивноста на децата, искривување на рбетниот столб, се намалува вербална комуникација и се намалува и вербалниот однос помеѓу децата, како и општо помеѓу директната околина со што децата стануваат асоцијални.

   Третата презентација беше од Наташа Коцева – професор по физичко образование, на тема „Деформитетите кај децата кои се резултат на физичка неактивност и неправилен начин на исхрана“. Таа во својата 20-минутна презентација на децата им елаборираше како правилната исхрана влијае врз нивниот правилен развој, потоа беа наведени најчестите причини за болки во грбот кај децата, деформациите кои настануваат, како и грешниот пристап на децата преку упоребата на брзата храна – една од најштетните појави во нивниот развој. Како заклучок на оваа презентација беше „Водењето на здрав начин на живот е најдобриот влог за да се  добие здраво тело и ум, се  со цел да се зголеми долговечноста на луѓето.

        

   На крај децата со своите наставници ги искажаа своите мислења на оваа работилница. Нивен заклучок е дека иако одреден дел од децата играат игри на улица, сепак играњето игри на компјутер како дел од модерната технологија е поприфатливо за нив, со едноставен изговор дека „сите тоа го прават“.

   Проектот „ Кампања за создавање на позитивни животни практики,здрави навики и вредности!“ е имплементиран во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ спроведен од АЛДА Скопје, Европско движење Македонија и Здружението на финансиски работници  на локалната самоуправа и јавни претпријатија со финансиска поддршка на Европската унија преку ИПА 2 инструментот.

                       

1146total visits,1visits today

You may also like...