Едукација на деца од Градско за возење велосипед во урбани средини

  Во рамките на проектот „ Кампања за создавање на позитивни животни практики,здрави навики и вредности!“ во Општина Градско децата од ООУ Даме Груев имаа можност да присуствуваат на едукативна обука за правилно возење велосипед во урбани средини.

   

  30-на деца од 5-то и 6-то одд (11-12 години) беа поканети да присуствуваат на овој настан под менторство на Наташа Коцева и Весна Николова, наставници по физичко воспитување, ангажирано како соработници на овој проект, и Кире Димов член на Велес Бајкинг како носител на овој проект.

  Менторите на оваа активност пред децата имаа кратка едукација за приоритетите за возење велосипед во урбани средини, но и можните опасности кои се појавуваат со тоа што сите велосипедисти стануваат активни учесници во сообраќајот.

       

  Суштинската цел на овој проект е  промена на начинот на трошење на своето слободно време на децата, зголемување на групно играње на улица, на маало, со што ке се зголеми начинот на социјализација, другарување и пријателство помеѓу децата, а од друга страна е се елиминира асоцијализацијата која е најголемиот проблем кај младата популација.

  По ова децата возеа велосипед во урбани средини а во текот на возењето имаа мобилна едукација при што беше нагласено дека секој учесник без разлика на годините мора да ги почитува правилата на сообраќај.

  Проектните активности се спроведуваа заедно со партнерите на овој проект – Општина Велес, Општина Градско, ООУ „Даме Груев“ – Градско, ООУ „Васил Главинов“ – Велес и ООУ „Кирил и Методиј“ – Велес, како и регионалната канцеларија на Вардарскиот плански регион.

       

  Проектот „ Кампања за создавање на позитивни животни практики,здрави навики и вредности!“ е имплементиран во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ спроведен од АЛДА Скопје, Европско движење Македонија и Здружението на финансиски работници  на локалната самоуправа и јавни претпријатија со финансиска поддршка на Европската унија преку ИПА 2 инструментот.

                       

608total visits,34visits today

You may also like...