Дервенска тура – второ издание

Изминатиот викенд по втор пат се возеше Дервенската тура по падините на планината Бабуна со посета на некогашниот планинарски дом Дервен.

        

Околу 100-на учесници, меѓу кои и екипата на Велес Бајкинг учествуваа на овој настан. Турата беше поделена на две патеки – кратка во должина од 35 км и долга во должина од 45 км. Северниот ветар на почетокот, и калта во вториот дел од турата не беа пречка да направиме убава тура која секако ке остане во сеќавање.

       

Стартот како и лани беше од плоштадот „Александрија“, а турата се возеше и низ Прилепските рудници за мермер. Некаде на половина пат, пристигнавме до планинарскиот дом Дервен, кој за жал е само руина од некогашната импозантна градба.

Крајот на турата беше на самото Прилепско езеро, каде бевме пречекани од домаќините со преубаво гравче. И оваа година Прилепските организатори се покажаа добри домаќини..

Прилепско езеро

Благодарница за учество од Прецедникот Душко

На крај, заслужено гравче…

 

 

942total visits,1visits today

You may also like...