Демир Капија дуваше промаја со позитивна енергија

Изминатиов викенд се одржа 6-тиот по ред International Outdoor Festival Demir Kapija 2019. Голема е листата на спортови кои беа застапени на фестивалот – рафтинг, кајак, искачување, планинарење, јога, извидници, планински велосипедизам, вински туризам, параглајдери.. По бројот на учесници, гости, посетители Демир Капија викендот имаше приближно жители колку и Велес, ако не и повеќе… Секоја чест за организаторите и Општинската администрација за посветеноста.

   

Поделено во три дена, буквално секој заинтересиран имаше што да види, арзгледа, да се вклучи во некој спорт и да го осети адреналинот и убавините на спортовите на отворено.

Оваа година за жал, учествувавме само еден ден,  ја извозивме патеката која е помала, ама во никој случај не е неинтересна. Напротив, исклучително живописна, во тропски предели, по дрвени мостови, реки, рибници, винарии и што ли уште не…Бескрајно живописно и убаво…

Крајот го краси делото, овде крајот го украси посетата на Винариите Попова Кула и Вила Марија .. Учесниците бескрајно задоволни ( по нивните лица можеше да се види)…

       

Уште еднаш големи честитки за организаторите, само продолжете вака. Промоцијата на настаните на отворено се можност за промоција на своите огништа, само кој сака и кој може тоа да го разбере.. Вие и сакате, а богами и можете..

Се гледаме до година!!!

1349total visits,1visits today

You may also like...