Децата во Финска возат велосипеди до училиште на -17 ° C

Многумина својот велосипед за време на зима го складират во подрумите и чекаат подобри времиња. Е па во Финска не е баш така.

Во еден од Финските градови има  жив доказ дека зимскиот велосипедизам е совршено можно (секако, со правилно планирање и инфраструктура).

Pekka Tahkola, координатор за велосипедизам во  Оулу, неодамна објави слики од училишниот паркинг за велосипеди за локални училишта на температура од  -17 С за да покаже дека без оглед какви се условите, ништо не ги задржува овие деца да возат велосипеди по овие услови.  „Организиравме студиски проект за учесниците од јужниот дел на Финска за да видиме каков е односот на велосипедизмот и учениците во нашиот град“, изјавил Пека за информативна веб-страница за Финското министерство за животна средина. „Посетивме неколку училишта и разговаравме со локалните наставници и директори. Прилично сме сигурни дека ова конкретново е меѓу најдобрите, а воедно не е единственото и има бројни училишта во Оулу, каде мнозинството деца возат велосипед и одат на училиште “.

Во меѓувреме, во нашата држава оние кои возат велосипед по ова време се потајно прогласувани за „луди, ненормални“ и уште неколку вакви слични титули. За возење на деца по вакви услови не смееме ни да помислиме. Со надеж дека некогаш и некаде работите ќе се сменат на позитивно, со  вакви примери ќе пробаме да разбудиме некој од зимскиот сон.

#Велес Бајкинг 

1617total visits,3visits today

You may also like...