АЗОТ 2017 мтб предизвик по трет пат

Помина и третиот по ред #АЗОТ2017мтбпредизвик..  и покрај сите тешкотии, време-невреме,  како „старееме“ така организацијата станува се  поголема и се попрофесионална.. Невремето, односно најавата за невремето си го направи своето, голем дел од најавените и заинтересираните пријатели  и љубители на вакви настани го откажаа своето присуство. Првиот ден малку дожд, повеќе сонце.. како пристигнуваа учесниците , така атмосферата се  вжештуваше…

  

На почетокот, маки.. бина, шатор, пречекување гости, сместување во хотелот… ракија, две..три… . Вечерта – како за почеток DJ Crazy Slave и неговите лудории. Одлично загревање. DJ Crazy Slave со неговата програма не раздрма. DJ Crazy Slave за наши услови има повеќе години, но по енергија како на сцена , така и на планина..богами треба да им биде пример на сите….  По него EPIDEMY …. рокери, страшно добри…. го превртеа секој кој беше во Богомила на радиус од 2-3км… ке се памети оваа журка во Богомила, не верувам дека некој бенд на ваква отворена сцена имал два биса…Едноставно, не се става на хартија енергијата која тлееше во Богомила таа вечер…на полноќ – повечерје (не за сите )..

           

Следниот ден, главно за овој настан.. Возење…Бајкање. За жал, големиот маратон од безедносни причини беше затворен, поради тешкиот терен кон Црешнево. Кој возел на црвеника терен-знае. Стартот на малиот маратон беше  во 09:40.  Преку 250 велосипедисти ( на кои лично и посебно им честитам што дојдоа иако во поголемите градови истураше дожд) во едно прекрасно време, сонце пука на сите страни. По стартот на велосипедистите тргнаа и 30-35 планинари под водство на неуморнииот планинарски водич Новко. Среќно планинари, уживајте!!

   

Прва пауза за бајкерите- Папрадиште. Одмор со чајче и природна вода. Убавината на селото-гратис. Чистиот воздух – екстра бонус!!… Продолжуваме по угорнината, има 7 км до највисоката точка, до планинарскиот дом Чеплес. До таму, убавини наоколу, два мали водопади и еден поголем. Водопадот на Чеплеска река, посебно убав во овој период поради обилната вода. Сликање, снимање… радост и задоволство се чувствува до Солунска Глава…По ова следи Чеплес. Таму- голем одмор за сите.. си седнуваш на клупите и вртиш поглед, поглед кон убавините на нашата мила Македонија. Не се прави глетка од Чеплес секој ден!!

       

       

Следен предизвик на турата е  11км спуст. Она што го чекаат најголемиот дел од бајкерите. Она од што потајно се плашат дел од нив, ама храбро си молчат. Тргнуваме, не.. не тргнуваме… летаме..  Патот широк, доволно са сите кои си планирале дали ке возат на сигурно, или ке се пробаат да го качат сопствениот адреналин… Било како, Нежилово се стигнува за 30-40 мин . По ова, следува „мирно“ возење, односно завршува off road-от и следува асфалтно возење до крајот.

   

Кампот во Богомила започнува да се  полни некаде  од 13:00 часот. Последниот учесник пристигна во 15:30, а сите планинари компактни како ретко кој пристигнаа во 14:00. БРАВО ЗА СИТЕ. Следи заслуженото гравче.. Следи мини-наградна игра, не толку за наградите колку за продолжување на  убавите моменти, разговор со пријателите за тоа како беше патеката, кои делови беа тешки, кои интересни и сл. По ова следи и  дел за изразување на благодарност од страна на организаторот. Кампот полека се  празни, учесниците  се враќаат назад-секој од каде што дошол. Импресиите- многу позитивни ( по она што го добиваме како фидбек)…. Ние, организаторите допрва почнуваме со работа… Треба да се  демонтира бината, големиот шатор,  се најавува ЕКО АКЦИЈА, за чистење на капмот. Должност е да го оставиме кампот како што го најдовме – чист и убав.

    

19:00 часот. ЗАВРШУВАМЕ…  АЗОТ2017мтбпредизвик заврши. Задоволството од успехот во поглед на организацијата е  присутен кај сите кои еа дел од организацијата. Зоран, Сашко, Ангел, Ане, Аце, Кире, Лазе , Ема, Даре, Тоше, Никола, Вероника…  и многу, многу други..  завршивме добра работа. Зацртаното го направивме. Сега одиме на заслушен одмор. Сега одиме како гости наследните настани…а ги има ова лето многу. Ги има и треба да ги има. Треба конечно да гледаме позитивно и пријателски еден спрема друг, треба конечно да ги оставиме негативните моменти во канта за ѓубре, треба да поченеме да даваме позитивен пример на младите.

                

Ја спуштаме завесата. АЗОТ 2017 мтб предизвик се симнува од сцената. Ви благодариме на сите кои беа овој викенд со нас – Иван АВТ, па Мин-Екс од кавадарци, Wurth, Orbico, Алкалоид, ALLGASAN и нашиот пријател Васко, Брокер плус и Марјан, Симит Петрол, ПП дом-Велес, двете единици на локална самоуправа Општини Велес и Чашка.. Црвен Крст едницата од Велес. Им благодариме и покануваме на дружба сите поголеми друштва и екипи од Македонија, Следи преубавиот Алшар, Маврово, Галичица.. Беласица, Шарски води.. следи повторно дружење. А за АЗОТ 2018 мтб предизвик, ќе почекаме точно една година. 4-от АЗОТ мтб предизвик, ќе пробаме да го направиме уште поголем, уште поинтересен. Почнуваме уште утре.

До тогаш ПОЗДРАВ ОД БОГОМИЛА, ПОЗДРАВ ОД #АЗОТ2017мтбпредизвик , поздрав од ВЕЛЕС БАЈКИНГ…

2216total visits,4visits today

You may also like...