Анита Величковска успешно го заврши yчеството на UCI WorldGrand Fondo во Полска

   Нашата Македонска велосипедска преставничка Анита Величковска успешно го заврши yчеството на UCI WorldGrand Fondo во Познан, Полска.

    

   Држејки се меѓу лидерите во главната група 80% од трката беше во првите 10, но на вториот дел од патеката, на 135 км и се случила незгода. Поради оваа незгода Анита го остварува својот пласман на 30 то место од вкупно 300 жени. Ова е огромен успех за женскиот велосипедизам и воопшто за велосипедизмот во Македонија. Според пишувањето по социјалните мрежи, на многу малку услови, самофинансирање и многу работа и труд само срце лавовско го може ова.

   Претходно, Анита учествуваше на Grand fondo vo Љубљана., Словенија каде заврши на одлично 5 место и ја обезбеди нормата за учество на светскиот куп во Полска!

   И го честитаме овој голем успех на Анита Величковска и и посакуваме во иднина многу поголеми успеси на меѓународен план.

    

767total visits,3visits today

You may also like...