АлШар е нашето сонце, и тоа ќе сјае уште многу години!

Трета година по ред Македонското сонце сјаеше во Мрежичко, трета година по ред велосипедисти, планинари, љубители на убавините на Македонија се собраа во с.Мрежичко, во подножјето на Кожуф планина, барајќи го мистичниот минерал кој е единствен во овој универзум.

       

Тешко е да се пишува за АлШАр, искрено.. Тешко е поради тоа што најголем дел кажавме минатата година, и сега е тешко да се надополни сето тоа, иако, лани бевме три дена оваа година два, лани ја возевме малата тура оваа година го возевме она вистинското ( мала тура е за слабичи ). Сепак, АлШар заслужува да  биде запишан, да  биде запаметен, баш онака ккао што и беше. А искрено беше многу убаво. Секоја чест за организаторите, поголема чест и почит за сите кои беа таму тие три дена. Од прв до последен, оти без нив џабе и организација, џабе трудење, џабе мака. Бројот на присутни помножено со насмевките на сите таму-од прв до последен е формулата на беспрекорна организација. Решението на формулата се  виде на крајот.

Но да опишеме во кратки црти. Три дена АлШар2018, за жал, ние од Велес Бајкинг првиот ден го пропуштивме од објективни причини. Вториот ден, некаде претпладне мали подготовки, и 15-члената екипа тргна кон Мрежичко. По пат, невреме, такво невреме што ти иде да се вратиш на првата кривина. Ама не, на АлШар се оди баш поради тоа, за инает на времето. На АлШар се оди поради авантурите со кал, дожд, многу вода….Таква авантура каде на обичниот асфалт нема да доживеете за 100 години. На влезот во Мрежичко познати фаци од организацијата, примерни дечки гостољубиви, веднаш знаеш дека ова ке биде убав викенд. Ама сите се такви, до еден. Тука немаскиснати фаци кои не знаат што со себе. Тука сите сме едно огромно семејство, ние се нарекуваме семејство по точак, можеби некој и поинаку не нарекува, но сеедно, важно е дека сме тука – заедно.

       

Доле во кампот и другите „Точакџии“.. ама богами и сите, скоро сите бајкеришта од цела Македонија. Па ние имаме закажана средба од поодамна… Од Мариово, Демир Капија, од АЗОТ, од Берово, од Осогово.. Е сега тука сме сите на збир.. За добра дружба требит добра журка, а кој друг ако не DJ CRAZY SLAVE нашиот омилен ДЈ, бајкер, пријател… таква журка направи што мислиш сме на Мајами ( добро, само тој од е Мајами, ние на видео го имаме видено 🙂 … е  бате Славе беше прво полувреме, второ беше кулминација со баце Ристе од Epidemy и неговиот нов бенд ( не ми текнува на името нивно). Како и да е, луда свирка и по таа кал таму беше задоволство да се биде пред бината. Се друго заборавивме, а главен виновник беше цистерната со „Македонско пиво“.. се  до доцните часови но ноќта. Ама ако, нас ни беше убаво..

            

Следниот ден, главен, ден за возење, ден за борба со калта во Алшарските патеки. АлШар-Калшар, тоа остана од првата година. Три оваа година – Голема, средна и мала патека, како и планинарска тура. Сите по својот план, ние тргнавме на големата, оти нели веќе рековме, малата е за….   🙂  До Рожден возиме по асфалт, како така со мали потешкотии, асфалтот н ие само загревање. По Рожден вртиме на off road, одиме на постојани угорнини едно 16-17 км со екстра бонус – кал и многу вода. И полека почнува уживањето, полека не се препознаваме меѓусебе, испрскани од кал, чиниш во рудник за кал сме работеле. И за чудо никоја не вика „аман“, никој не вика се враќаме назад ( добро имаше и такви, ама реално за нив и не е вредно да се споменува). Стасуваме до Арничко, а таму екстра бонус-ладно пиво по нарачка. Нема поубаво нешто – сред шума те чека ладно пивце…Почнуваат маките, стасуваме до Мешник, а од таму 7км до Трибор. Овие 7 км е вистинкиот предизвик, вистинскиот off road, она што го очекувавме, а можеби и не. Трибор 1470мнв доаѓа како награда за сето тоа што си го кажал во себе во изминатите 4-5 часа од стартот до горе. Ама, истовремено Трибор е врв на турата, место каде фантазијата и сликата за природна идила ти е на дланка. Нашата екипа се сместува по ќебето од трева и шарени цвеќиња. „Одете, не мрдам од овде до Вторник“ е гласот кој вреди да се слушне….

Инаку, малку географија која ја имавме горе – Трибор е врв на планината Козјак, иако повеќемина мислеа дека тоа е дел од Кожуф. Трибор е еден вид граница со Мариово и на 100-на метри надесно може да отидете и да уживате во погледот на преубавото Витолиште. Кратко, ама добро е да се научи нешто. Тргаме надоле, од тука се е удолнина, едно 20-на км. Доле пред крајот, вртиме кон мистичниот Алшар, кон она што всушност не привлекува сите за овој настан. За жал, она што го означува овој мистичен дел, е само еден отвор, до кој може да се пријде со стотина скали ( мислам дека се 108 – од лани како ги броевме). Освен отворот, и изразитата глина, нема ништо. Пред две години имаше еден старец од с. Мајдан кој ни разкажуваше убави приказни, вистини, легенди поврзани за овој рудник, од тоа како се носело златото со коњи до Солун, па оттаму до Цариград, па за мистериозните лаборатории во 90-те кога таму странски воени сили го конролирате целот регион, итд,итд…. Сето ова останува на фактот дека она богатсво кое го имаме не сме достојни да го користиме. Можеби некогаш, во некоја иднина ке се смени сето тоа, којзнае…

       

Конечно на целта, голем дел од нашата екипа веќе беа пристигнати. Додека стасавме, додека ручавме организаторите ги делеа заслужние награди. Една од нив и велосипед. Оваа година главната награда ја доби – не знам кој, ама сеедно, наградите се  само дополнителен детал на овој одлично организиран настан. Кој и да е, сигурно ќе се потруди пристојно да го извози..

Полека привршуваме, секој во себе ќе понесе нови пријателства, сеќавања, мемории и многу каллива облека…Единствено екипата од „Тиквешки Точакџии“ сиот свој труд и ангажман ќе го остави тука. И така треба. Нека живее Мрежичко во убави спомени,се до година. А следната година, се знае, сите повторно овде, со истите насмеани лица и весели и позитивни мисли. Секоја чест другари -организатори..секоја чест..Нема опис кој би ве опишал, затоа ќе земеме дел од ланскиот текст: „Вие сте Сонцето“ !!!!

Најискрени поздрави од нашата екипа на #ВелесБајкинг . Ние овде се чувствувавме како дома, затоа што знаеме дека сме дома, ние сме на #АлШар2018!!!

Се гледаме до година!

       

 

 

1611total visits,4visits today

You may also like...