Absa Cape Epic 2018

30-на дена не делат од 15-от по ред ABSA CAPE EPIC 2018, Mountain Bike трка која се одржува во Western Cape, South Africa.

2009 Absa Cape Epic

2009 Absa Cape Epic

Седум етапи и воведниот пролог со вкупна должина од 658km со 13 530m елевација е годинешната програма која е вистинско уживање за љубителите на овој спорт. Настанот привлекува елитни професионални планински велосипедисти од целиот свет, кои се натпреваруваат во парови во пет категории (Men, Women, Mixed, Masters и Grand Masters). Категоријата Masters е карактеристична по тоа што двајцата учесници мораат да  бидат на возраст повеќе од 40 години, односно постари од 31 декември од дотичната година, а Grand Masters е категорија каде двајцата возачи мора да бидат на возраст повеќе од 40 години, односно постари од 31 декември од дотичната година.

Како и во големите трки во друмскиот велосипедизам и овде постојат бои на дресовите:

  • Мажи – Жолта маичка;
  • Жени -Порокалова маичка;
  • Мешани – Зелена маичка;
  • Мешани (Masters) – сина маичка;
  • Grand Masters – Пурпурна маичка.

За да им се мери времето на секоја етапа двајцата учесници мора да  влезат во целта во временско растојание помалку од 2 минути или да се соочат со временска казна од 1 час. Интересно е тоа што @Absa Cape Epic 2018 е отворена и за аматери планински велосипедисти.

Стартот на овој настан е со пролог трката на 18 март, недела, во Универзитетот во Кејп Таун, Јужна Африка а последната етапа ќе биде со седмата етапа на 25 март

Ова накратко се неколку интересни податоци на оваа возбудлива трка. Со самиот старт ние ке ги следиме сите етапи и подетално ке пишуваме за нив.

2018 Absa Cape Epic   Велес Бајкинг  bikingveles

924total visits,2visits today

You may also like...