5-та мтб тура „Питијада-Велес 2018“ со околу 300 учесници

Изминатиов викенд во во склоп на големиот културен настан “Фестивал на Велешка Пита и вино 2018“ се одржа 5-тата рекреативна велосипедска тура „5-та мтб тура „Питијада- Велес 2018“

Стартот и целта на турата беше на плоштад Сармаале, со почеток во 10:00 часот. По возење низ интересни делов ина Велешката околина,првите учесници пристигнаа на плоштадот во Велес околу 13:00 часот, а комплетно сите учесници турата ја завршија во 16:00 часот. По ова следеше Дегустација на Питата Пастрмајлија.

       

  Патеката по која возеа учесниците беше во должина од  47.9 km со елевација +692 m / -697 m со категорија на тежина на патеката 5/10 ( средно-лесна) а минуваше низ неколку Велешки села с.Раштани, с.Белештевица, с.Сопот, с.Сујаклари и с.Башино село, два манастири св. Петка и св. Ѓорѓија беа посетени и двете  Најголеми Велешки Винарии „Шато Сопот“ и „Тристо Винарија“. Главна атракција како и секоја година за сите учесници беше возење велосипед на висечки дрвен мост на реката Вардар.

На овогодинешната петта велосипедска тура учество земаа околу 300 учесници од скоро сите градови на Македонија ( Скопје, Битола, Прилеп, Штип, Тетово, Охрид, Кавадарци, Струмица, Демир Капија, Валандово, Берово и др) а гости имаше и од  Р.Грција – Лерин, Р.Бугарија – Петрич, како и државјани на Р.Словачка и Р.Украина кои се на привремен престој во Р.Македонија со што манифестацијата доби и меѓинароден карактер

       

Организатор на овој настан е здружението на граѓани Велес Бајкинг со поддршка на Општина Велес. Тие се надеваат дека оваа манифестација ќе трае уште долго и дека велосипедизмот и велосипедот воопшто во блиска иднина ќе биде дел од голем број на Велешани, со што ќе придонесат во загадувањето на градот со издувни гасови од автомобилите, посебно во центарот на градот.

               

                    

326total visits,1visits today

You may also like...